Logo YouVersion
Ikona vyhledávání

Матеј 16

16
ГЛАВА 16
(Зачало 65)
1Тогаш пристапија#Понеделник од осмата седмица по Педесетница: Во она време, пристапија кон Исуса фарисеите и садукеите и, искушувајќи Го, побараа да им покаже чудо од небото.
2А Он, одговарајќи, им рече: – Навечер велите: ќе биде ведро, оти небото е црвено;
3а наутро: денес ќе има невреме, зашто небото е црвено и матно. Лицемери, изгледот на небото можете да го распознавате, а знаците на времињата, не можете!
4Род лукав и прељуботворен бара знак, но знак нема да му се даде, освен знакот на пророкот Јона. Па, откако ги остави, си замина.
5И, преоѓајќи на спротивната страна, учениците Негови заборавија да земат леб.
(Зачало 66)
6Исус им рече:#Вторник од осмата седмица по Педесетница: Им рече Господ на Своите ученици: – Внимавајте и чувајте се од квасот фарисејски и садукејски.
7А тие помислија во себе и си рекоа: – Тоа е што не зедовме леб!
8Но, Исус ги разбра, и им рече: – Маловерни, зошто мислите во себе дека не сте зеле леб?
9Уште ли не разбирате и не помните ли за петте лебови на петте илјади, и колку кошеви собравте?
10Ниту за седумте лебови на четирите илјади души, и колку кошници собравте?
11Како не разбирате дека не за леб ви реков: чувајте се од квасот фарисејски и садукејски?
12Тогаш разбраа дека Он им беше рекол да се пазат не од лебниот квас, туку од учењето фарисејско и садукејско.
Крај на вторникот
(Зачало 67)
13И кога дојде Исус#На 29 јуни на литургијата: Во она време, дојде Исус (Ова и за осветување на храм). во земјата на Кесарија Филипова, ги праша учениците Свои и им рече: – За кого Ме мислат луѓето – Мене, Синот Човечки?
14Тие одговорија: – Едни за Јована Крстител, други за Илија, а некои за Јеремија или за еден од пророците.
15Он им рече: – А вие, за кого Ме мислите?
16Симон Петар одговори и рече: – Ти си Христос, Синот на живиот Бог.
17Тогаш Исус му одговори и рече: – Блажен си ти, Симоне, сине Јонин, оти тело и крв не ти го открија тоа, а Мојот Отец, Којшто е на небесата;
18и Јас, пак, ти велам: ти си Петар и на тој камен ќе ја изградам Црквата Своја, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат;
Крај на осветувањето
19и ќе ти ги дадам клучевите од небесното царство, и што ќе сврзеш на земјата, ќе биде сврзано на небесата; и што ќе разврзеш на земјата, ќе биде разврзано и на небесата.
Крај на св. апостоли
(Зачало 68)
20Тогаш Исус им нареди#Среда од осмата седм. по Педесетница: Во она време, Исус им нареди на учениците Свои да не кажуваат никому дека е Он Исус Христос.
21Оттогаш почна Исус да им открива на Своите ученици дека Он треба да отиде во Ерусалим и да пострада многу од старешините, првосвештениците и книжниците, и да биде убиен, и на третиот ден да воскресне.
22А Петар, откако Го повлече настрана, почна да Му говори, зборувајќи: – Биди милостив кон Себе, Господи; тоа со Тебе нема да се случи!
23Но, Он се заврте и му рече на Петра: – Бегај од Мене сатано! Ти си Ми соблазна! Бидејќи мислиш не за она што е Божјо, туку за она што е човечко!
(Зачало 69)
24Тогаш Исус им рече на учениците Свои:#Четврток од осмата седмица по Педесетница: Им рече Господ на Своите ученици: – Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, да го земе својот крст и да оди по Мене;
Крај на средата
25зашто, кој сака да ја спаси душата своја, ќе ја изгуби; а кој ќе ја изгуби душата своја заради Мене, ќе ја најде;
26оти, каква полза е за човека, ако го придобие целиот свет, а на душата своја ѝ напакости? Или каков откуп ќе даде човек за својата душа?
27Зашто, ќе дојде Синот Човечки во славата на Својот Отец со ангелите Свои и тогаш секому ќе му даде, според делата негови.
28Вистина ви велам: тука стојат некои што нема да вкусат смрт, додека не Го видат Синот Човечки како оди во царството Свое.
Крај на четвртокот

Právě zvoleno:

Матеј 16: MK2008

Zvýraznění

Sdílet

Kopírovat

None

Chceš mít své zvýrazněné verše uložené na všech zařízeních? Zaregistruj se nebo se přihlas