Јован 5
5
ГЛАВА 5
(Зачало 14)
1Потоа имаше празник, и се искачи#Недела четврта, на Раслабениот: Во она време, се искачи (Ова и на осветување на вода). Исус во Ерусалим.
2А во Ерусалим, при Овчата порта, има бања, по еврејски наречена Витезда, која има пет тремови;
3во нив лежеа мнозина болни, слепи, куци, исушени, кои очекуваа да се раздвижи водата,
4зашто одвременавреме слегуваше во бањата ангел Господов и ја раздвижуваше водата; и кој прв ќе влезеше по раздвижувањето на водата, оздравуваше од каква болест и да боледуваше.
Крај на осветување на вода
5Беше таму и еден човек, кој боледувал триесет и осум години.
6Исус, кога го виде како лежи и штом узна дека од многу години боледува, му рече: – Сакаш ли да оздравиш?
7Болниот Му одговори: – Да, Господи! Ама немам човек да ме спушти во бањата кога ќе се раздвижи водата; додека, пак, јас дојдам, друг слегува пред мене.
8Исус му рече: – Стани, земи си ја постелката своја и оди си дома!
9И веднаш оздраве човекот, ја зеде постелката своја и одеше. А тој ден беше сабота.
10Евреите, пак, му рекоа на исцелениот: – Сабота е, и не треба да ја земаш својата постелка.
11Но тој им одговори: – Оној што ме излечи ми рече: земи ја постелката своја и оди!
12А тие го прашаа: – Кој е Човекот што ти рече: земи ја постелката своја и оди?
13Но исцелениот не знаеше кој е, зашто Исус беше се оддалечил, оти на тоа место имаше многу народ.
14А потоа Исус го сретна во храмот и му рече: – Ете, сега си здрав и не греши веќе, за да не те снајде нешто полошо.
15А човекот отиде и им кажа на Јудејците дека Исус е, што го излечи.
Крај на неделата
16И затоа Јудејците Го гонеа Исуса и сакаа да Го убијат, оти тоа го правеше во сабота.
17А Исус им одговараше:
(Зачало 15)
Мојот Отец#Среда од втората седмица по Воскресение: Им рече Господ на Јудејците што беа дошле кај Него: Мојот Отец (Ова и на мртвите во понеделник). досега работи, и Јас работам.
18Затоа Јудејците уште повеќе сакаа да Го убијат, оти не само што ја нарушуваше саботата, туку и Бога Го нарекуваше Свој Отец, правејќи се еднаков со Бога.
19А Исус им одговори на тоа и рече: – Вистина, вистина ви велам: Синот не може да прави ништо Сам од Себе, ако не Го види Отецот да прави; оти, она што го прави Он, истото тоа го прави и Синот.
20Зашто Отецот Го сака Својот Син и Му покажува сѐ што прави Самиот; и ќе Му покаже дела поголеми од овие, за да се чудите вие.
21Оти, како што Отецот воскреснува мртви и оживува, така и Синот ги оживува кои што сака.
22Отецот не суди никого, но целиот суд го предаде на Синот;
23та сите да Го почитуваат Синот, како што Го почитуваат Отецот. Кој не Го почитува Синот, тој не Го почитува ни Отецот, Кој што Го испратил.
(Зачало 16)
24Вистина,#Четврток од втората седмица по Воскресение: Им рече Господ на Јудејците што беа дошле кај Него: Вистина, (Ова и на мртвите во вторник и во сабота). вистина ви велам: којшто го слуша словото Мое и верува во Оној Којшто Ме испрати, ќе има живот вечен и нема да дојде на суд, а преминал од смрт во живот.
Крај на средата
25Вистина, вистина ви зборувам: иде часот и дошол веќе, кога мртвите ќе го чујат гласот на Синот Божји, и штом го чујат, ќе оживеат.
26Оти, како што Отецот има живот во Себе, така Му даде и на Синот да има живот во Себе;
27и Му даде власт да суди, оти е Син Човечки.
28Не чудете се на ова, зашто иде часот кога сите, кои се во гробовите, ќе го чујат гласот на Синот Божји,
29и ќе излезат: кои правеле добро ќе воскреснат за живот, а кои правеле зло, ќе воскреснат за осудување.
30Но Јас ништо не можам да правам Сам од Себе.
(Зачало 17)
Како што#Петок од втората седмица по Воскресение: Им рече Господ на Јудејците што беа дошле кај Него: Како што слушам, така и судам, и Мојот суд е праведен, оти не ја барам Мојата волја, а волјата на Отецот, Којшто Ме испрати.
Крај на четвртокот и на мртвите
31Ако Јас сведочам Сам за Себе, сведоштвото Мое нема да биде вистинско.
32Но има Друг што сведочи за Мене; и знам дека е вистинско сведоштвото, со кое Он сведочи за Мене.
33Вие праќавте при Јована и тој ви посведочи за вистината.
34Ама Јас не го примам сведоштвото од човек; туку го кажувам ова, за да се спасите вие.
35Тој беше светило, кое гори и свети, а вие малку време сакавте да се порадувате на неговата светлина.
36Но Јас имам поголемо сведоштво од Јовановото; оти делата што Ми ги даде Отецот да ги извршам, самите тие дела, кои ги извршувам Јас, сведочат за Мене дека Ме пратил Отецот.
37И Отецот, Којшто Ме испрати, Самиот посведочи за Мене. А вие ни гласот Негов никогаш не сте го чуле, ниту лицето Негово сте го виделе.
38И зборовите Негови не се во вас, зашто не верувате во Оној, Кого Го испратил Он.
39Изучувајте го Писмото, зашто вие мислите дека преку него ќе имате живот вечен; и тоа сведочи за Мене.
40Но не сакате да дојдете при Мене, за да имате живот.
41Од луѓе слава не примам,
42но ве разбрав, дека во себе љубов Божја немате.
43Јас дојдов во името на Мојот Отец и не Ме примате; а некој друг ако дојде во свое име, него ќе го примите.
44Како можете вие да поверувате, кога примате слава еден од друг, а славата што е од Единиот Бог, не ја барате?
45Немојте да мислите дека Јас ќе ве обвинам пред Отецот; има кој да говори против вас – Мојсеј, на кого вие се надевате.
46Оти ако бевте му верувале на Мојсеја, и Мене ќе Ми поверувавте, зашто тој пишуваше за Мене.
47Ако, пак, на неговите Писанија не поверувате, како тогаш ќе им поверувате на Моите зборови?
Právě zvoleno:
Јован 5: MK2008
Zvýraznění
Sdílet
Kopírovat
Chceš mít své zvýrazněné verše uložené na všech zařízeních? Zaregistruj se nebo se přihlas
© Македонска Православна Црква 2008
© Мacedonian Orthodox Church 2008