Јован 4
4
ГЛАВА 4
1Кога разбра Исус дека фарисеите чуле оти Он придобива повеќе ученици отколку Јован, и крштева,
2макар што Самиот Исус не крштеваше, туку учениците Негови,
3ја напушти Јудеја и пак отиде во Галилеја.
4Требаше да мине преку Самарија.
(Зачало 12)
5И така, дојде во#Недела петта по Воскресение, на Самарјан ката: Во она време, дојде Исус во самарјанскиот град, наречен Сихар, близу до земјиштето, што му го даде Јаков на сина си Јосифа.
6Таму беше изворот на Јакова. И Исус, изморен од патот, седна покрај изворот; а беше околу шестиот час.
7Дојде една жена од Самарија, за да полни вода. Исус ѝ рече: – Дај Ми да пијам!
8А учениците Негови беа отишле во градот да купат храна.
9Жената Самарјанка Му рече: – Како Ти, Кој си Јудеец, бараш од мене, жена Самарјанка, да пиеш? – зашто Евреите со Самарјаните не се мешаат.
10Исус ѝ одговори и рече: – Кога би знаела што е тоа дар Божји и Кој е што ти вели: дај Ми да пијам, – ти сама би побарала од Него и Он би ти дал вода жива.
11Жената Му рече: – Господи, Ти немаш со што да нацрпиш, а кладенецот е длабок; од каде, пак, имаш вода жива?
12Зар си Ти поголем од нашиот татко Јакова, кој ни го даде овој кладенец, и самиот тој пиеше од него, и синовите негови, и стоката негова?
13Исус ѝ одговори и рече: – Секој што пие од оваа вода, пак ќе ожедни;
14а кој пие од водата што ќе му ја дадам Јас, ќе постане во него извор со вода, која ќе тече во живот вечен.
15Жената Му рече: – Господи, дај ми таква вода за да не ожеднувам, ниту да идам овде за полнење!
16Исус ѝ рече: – Оди, повикај го твојот маж и дојди овде!
17Жената одговори и Му рече: – Немам маж. Исус ѝ рече: – Добро рече дека немаш маж;
18зашто петмина мажи си имала и овој што го имаш сега не ти е маж; ете, точно кажа.
19Жената Му рече: – Господи, гледам дека Ти си пророк!
20Нашите татковци се клањаа во оваа планина, а вие велите дека во Ерусалим е местото каде што треба да се клањаме.
21Исус ѝ рече: – Жено, верувај Ми оти иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим, ќе се поклонувате на Отецот.
22Вие му се клањате на она, кое не го знаете; а ние се клањаме на она што го знаеме; зашто спасението е од Јудејците.
23Но, иде време и веќе дошло, кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Отецот со дух и вистина, зашто Отецот сака такви да бидат оние, кои Му се клањаат.
24Бог е Дух, и оние што Му се клањаат, треба да се поклонуваат со дух и вистина.
25Жената Му рече: – Знам дека ќе дојде Месија, наречен Христос; кога ќе дојде Он, сѐ ќе ни каже.
26А Исус ѝ рече: – Јас сум, Којшто зборувам со тебе!
27И тогаш дојдоа учениците Негови и се зачудија дека говореше со жената; ама ниеден не Му рече: што сакаш, или што зборуваш со неа?
28А жената ја остави својата стомна и отиде во градот, и им кажа на луѓето:
29– Дојдете, видете Го Човекот, Кој ми кажа сѐ што сум направила; да не е Он Христос?!
30Тогаш тие излегоа од градот и тргнаа кон Него.
31А меѓувреме учениците Го молеа, велејќи: – Рави, јади!
32Но, Он им рече: – Јас имам храна за јадење, која вие не ја знаете.
33Тогаш учениците си проговорија помеѓу себе: освен, ако некој Му донел да јаде?
34А Исус им рече: – Мојата храна е да ја исполнувам волјата на Оној Којшто Ме испрати и да го извршам Неговото дело.
35Не велите ли вие, дека уште четири месеци, па ќе настане жетва? А Јас, пак, ви кажувам: подигнете ги очите свои и видете ги нивите како побелеле, готови се за жетва.
36И жетварот веќе добива награда и собира плод за вечен живот, та да се радуваат заедно и сејачот и жетварот.
37Зашто за ова, вистинска е поговорката: еден сее, а друг жнее.
38Јас ве испратив да жнеете каде што не сте се труделе; други се трудеа, а вие влеговте во нивниот труд.
39И мнозина Самарјани од тој град поверуваа во Него според зборовите на жената, која сведочеше: ми кажа сѐ што сум направила.
40А кога дојдоа Самарјаните при Него, Го помолија да остане кај нив; и Он остана таму два дена.
41И уште повеќе поверуваа поради словото Негово;
42а на жената ѝ велеа: – Сега веќе не веруваме од твоето кажување, оти самите чувме и знаеме дека Он е Спасителот на светот, – Христос.
Крај на неделата
43А по два дни Он излезе оттаму и отиде во Галилеја.
44Зашто Самиот Исус беше посведочил дека пророкот во својата татковина нема чест.
45Кога, пак, дојде во Галилеја, Галилејците Го примија, оти беа виделе сѐ што изврши во Ерусалим на празникот; зашто и тие беа на празникот.
46И така, Исус повторно дојде во Кана Галилејска, каде што беше претворил вода во вино.
(Зачало 13)
И маше#Понеделник од третата седмица по Воскресение: Во она време, имаше еден царски човек, чиј син беше болен во Капернаум.
47Штом слушна дека Исус пристигнал од Јудеја во Галилеја, тој отиде при Него и Го молеше да слезе и да му го излечи синот, зашто беше на умирање.
48А Исус му рече: – Ако не видите знаци и чуда, нема да поверувате.
49Царскиот човек Му рече: – Господи, дојди додека уште не умрело детето мое!
50А Исус му рече: – Оди си! Твојот син е жив! И човекот поверува на зборот што му го кажа Исус, и си замина.
51И веднаш, кога слегуваше, го сретнаа слугите негови и му јавија: – Синот твој е жив!
52А тој ги праша за часот кога му станало полесно. Тие му одговорија: – Вчера, во седмиот час, го остави огнот.
53Тогаш таткото разбра дека тоа се случило во истиот час, кога Исус му рече: твојот син е жив. И поверува тој и целиот негов дом.
54Ова, пак, второ чудо го направи Исус, кога пристигна од Јудеја во Галилеја.
Крај на понеделникот
Právě zvoleno:
Јован 4: MK2008
Zvýraznění
Sdílet
Kopírovat
Chceš mít své zvýrazněné verše uložené na všech zařízeních? Zaregistruj se nebo se přihlas
© Македонска Православна Црква 2008
© Мacedonian Orthodox Church 2008