Јован 20
20
ГЛАВА 20
(Зачало 63)
1Во првиот ден#Евангелие седмо, воскресно: Во она време, во првиот ден од седмицата, Марија Магдалина дојде на гробот рано, уште додека беше темно, и виде дека каменот од гробот е подигнат.
2Тогаш отрча и дојде при Симона Петра и при другиот ученик, кого што Исус го љубеше, и им рече: – Го зеле Господа од гробот и не знам каде Го положиле.
3Тогаш излезе Петар и другиот ученик, и кинисаа кон гробот.
4И обајцата трчаа заедно; но другиот ученик отрча побргу од Петра и прв дојде до гробот.
5И кога се наведна, виде дека лежат само платната; ама не влезе.
6По него дојде Симон Петар, влезе во гробот и виде дека само платната стојат;
7а крпата, која беше на главата Негова, не стоеше при платната, но завиткана – одделно на едно место.
8Тогаш влезе и другиот ученик, кој прв дојде до гробот, и виде, и поверува,
9зашто уште не го знаеја Писмото, дека Он требаше да воскресне од мртвите.
10Тогаш учениците повторно се вратија дома.
Крај на седмото воскресно евангелие
(Зачало 64)
11Марија#Евангелие осмо, воскресно: Во она време, Марија, стоеше кај гробот однадвор и плачеше. И како што плачеше, се наведна над гробот;
12и виде два ангела во бели облеки, како седат; едниот кај главата, а другиот при нозете, каде што беше лежало телото Исусово.
13И тие ѝ рекоа: – Жено, зошто плачеш? Им одговори: – Го зеле мојот Господ и не знам каде Го положиле.
14Штом го рече ова, се сврте назад и Го виде Исуса како стои; ама не знаеше оти е Исус.
15Исус ѝ рече: – Жено, зошто плачеш? Кого го бараш? Таа, мислејќи дека е градинарот, Му рече: – Господине, ако си Го зел Ти, кажи ми каде си Го положил и јас ќе Го земам.
16Исус ѝ рече: – Марија! Таа се сврте и Му рече: – Равуни! – што значи: Учителе.
17Ѝ рече Исус: – Не допирај се до Мене, оти уште не сум се вратил при Мојот Отец; туку отиди при браќата Мои и кажи им: се враќам при Својот Отец и вашиот Отец, при Својот Бог и вашиот Бог.
18Дојде Марија Магдалина и им кажа на учениците, дека Го видела Господа и дека тоа ѝ рекол.
Крај на осмото воскресно евангелие
(Зачало 65)
19Аистиот ден вечерта, во#Евангелие деветто, воскресно: Вечерта на истиот ден, (Ова и на св. ап. Тома, и во неделата на Воскресение вечерта, и на Томина недела, и на Педесетница, на утрената). првиот од седмицата, кога вратата, каде што беа собрани учениците Негови, беше затворена, поради страв од Јудејците, дојде Исус, застана насреде и им рече: – Мир вам!
20И откако го рече ова, им ги покажа рацете и нозете и ребрата Свои. Тогаш се зарадуваа учениците, штом Го видоа Господа.
21А Исус повторно им рече: – Мир вам! Како што Ме испрати Отецот, така и Јас ве праќам.
22И кога им го кажа ова, дувна и им рече: – Примете Дух Свети!
23На кои ќе им ги простите гревовите, ќе им се простат, а на кои ќе им ги задржите, ќе им се задржат.
Крај на Педесетница, на утрената
24А Тома, еден од дванаесетте, наречен Близнак, не беше со нив кога дојде Исус.
25Другите ученици му рекоа: – Го видовме Господа. А тој им рече: – Додека не ги видам раните од клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам.
Крај во неделата на Воскресение, вечерта
26А по осум дни, учениците Негови пак беа собрани, и Тома со нив. Дојде Исус, кога вратата беше заклучена, застана помеѓу нив и рече: – Мир вам!
27Потоа Му рече на Тома: – Дај го прстот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверен, туку верен!
28Одговори Тома и Му рече: – Господ мој и Бог мој!
29Исус му рече: – Тома, ти поверува, оти Ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а поверувале.
30И многу други чуда направи Исус пред учениците Свои, кои не се запишани во оваа книга.
31А овие се запишани, за да поверувате дека Исус е Христос, Синот Божји, и верувајќи да имате живот во Неговото име.
Крај на Томина недела, и на деветтото воскресно евангелие и на апостол
Právě zvoleno:
Јован 20: MK2008
Zvýraznění
Sdílet
Kopírovat

Chceš mít své zvýrazněné verše uložené na všech zařízeních? Zaregistruj se nebo se přihlas
© Македонска Православна Црква 2008
© Мacedonian Orthodox Church 2008