Јован 13
13
ГЛАВА 13
(Зачало 44)
1Апред празникот Пасха,#На Вел. Четврток, евангелие пред миење на нозете: Во она време, пред празникот Пасха знаејќи Исус дека Му дојде часот Негов за да премине од овој свет кон Отецот, ги засака Своите во светот, и до крај ги засака.
2И на вечерата, кога ѓаволот беше го поттикнал срцето на Јуда Симонов Искариот за да го предаде,
Читај на Вел. Четврток, на литургијата
3Исус, знаејќи дека Отецот сѐ Му предал во рацете и дека од Бога излегол и при Бога оди,
4стана од вечерата, ја соблече горната облека и кога зеде крпа, се препаша;
5потоа истури вода во мијалникот и почна да им ги мие нозете на учениците и да ги брише со крпа, со којашто беше препашан.
6Дојде и при Симона Петра, а тој Му рече: – Господи, ти ли ќе ми ги миеш нозете?
7Исус одговори и му рече: – Што правам Јас сега, ти не знаеш, но подоцна ќе разбереш.
8Петар Му рече: – Никогаш Ти нема да ми ги измиеш нозете мои. Исус му одговори: – Ако не те измијам, нема да имаш дел со Мене.
9Симон Петар Му рече: – Господи, не само нозете мои, туку и рацете и главата!
10Исус му рече: – На измиениот треба само нозете да му се измијат, оти е целиот чист; и вие сте чисти, ама не сите.
11Бидејќи Он знаеше кој ќе Го предаде, па затоа и рече: не сите сте чисти.
Крај на првото евангелие пред миење на нозете
(Зачало 45)
12Акога им ги изми нозете,#Евангелие второ по миење на нозете: Во она време, кога им ги изми Исус нозете на учениците, ја облече облеката Своја и пак седна на трпезата, па им рече: – Знаете ли, што ви направив?
13Вие Ме викате Учител и Господ: и добро велите, бидејќи тоа сум.
14Ако, пак, Јас, Господ и Учител, ви ги измив нозете, тогаш и вие сте должни еден со друг да си ги миете нозете.
15Зашто ви дадов пример да правите и вие така, како што ви направив Јас.
16Вистина, вистина ви велам: нема слуга поголем од својот господар, ниту пратеник поголем од оној што го испратил.
17Кога го знаете ова, блажени сте, ако го исполнувате.
Крај на второто евангелие по миење на нозете
Премини на Вел. Четврток, на зачало 108 според Матеја, од половина
18Не го говорам ова за сите вас, оти Јас ги знам оние што ги избрав. Но нека се исполни Писмото; „Кој јаде леб со Мене, ја подигна против Мене својата петица“.
19Отсега ви кажувам, уште пред да се исполнило, та кога ќе се исполни, да поверувате дека сум Јас.
20Вистина, вистина ви велам: кој го прима оној што го праќам Јас, Мене Ме прима, а кој Ме прима Мене, Го прима Оној, Којшто Ме пратил.
21Штом го рече ова, Исус се нажали во душата, посведочи и рече: – Вистина, вистина ви зборувам, дека еден од вас ќе Ме предаде.
22Тогаш учениците почнаа да се погледнуваат еден со друг, не разбирајќи за кого говори.
23А еден од учениците, кого го милуваше Исус, беше се навалил на градите Исусови.
24Нему Симон Петар му даде знак да праша, кој ли ќе е, за кого што говори.
25Тој, пак, откако се навали на градите Исусови, Му рече: – Кој е, Господи?
26Одговори Исус: – Оној е, кому Јас ќе му натопам и подадам залак. И штом натопи залак, му го подаде на Јуда Симонов Искариот.
27И тогаш, по залакот, сатаната влезе во него. А Исус му рече: – Што ќе правиш, направи го побргу!
28Никој, пак, од оние што седеа на трпезата, не разбра зошто му го рече тоа.
29Но, бидејќи Јуда го чуваше ковчежето, некои помислија дека Исус му рече: купи што ни треба за празникот; или, да раздаде нешто на сиромаси.
30А тој, штом го зеде залакот, веднаш излезе; беше ноќ.
31Кога тој излезе, Исус рече:
(Зачало 46)
Сега#Евангелие прво за св. страданија Христови: Им рече Господ на Своите ученици: Сега се прослави Синот Човечки и Бог се прослави во Него.
32Ако Бог се прослави во Него, и Бог ќе го прослави во Себе, и веднаш ќе Го прослави.
33 # Крај на Вел. Среда на часовите, кога ќе се прочитаат сите четири евангелија. Чеда, уште малку сум со вас! Ќе Ме барате и, како што им реков на Јудејците, дека каде што одам Јас вие не можете да дојдете, и вам ви зборувам сега.
34Нова заповед ви давам, да се љубите еден со друг; како Јас што ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг.
35По тоа ќе ве познаат сите, дека сте Мои ученици, ако имате љубов помеѓу себе.
36Симон Петар Му рече: – Господи, каде одиш? Исус му одговори: – Каде што одам Јас, ти не можеш сега да дојдеш по Мене, но подоцна ќе врвиш по Мене.
37Петар Му рече: – Господи, зошто не можам да идам по Тебе сега? Душата своја ќе ја положам за Тебе.
38Исус му одговори: – Душата ли ќе ја положиш за Мене? Вистина, вистина ти велам: нема да запее петел, додека ти трипати не се одречеш од Мене.
Právě zvoleno:
Јован 13: MK2008
Zvýraznění
Sdílet
Kopírovat
Chceš mít své zvýrazněné verše uložené na všech zařízeních? Zaregistruj se nebo se přihlas
© Македонска Православна Црква 2008
© Мacedonian Orthodox Church 2008