Јован 12
12
ГЛАВА 12
(Зачало 41)
1На шест дни пред Пасхата дојде Исус во#На Цветници, на литургијата: На шест дни пред Пасха дојде Исус во Витанија, каде што беше умрениот Лазар, кого што го воскресна од мртвите.
2Таму Му приготвија вечера и Марта послужуваше, а Лазар беше еден од оние што седеа на трпезата.
3А Марија, откако зеде литар чисто скапоцено миро, ги помаза нозете Исусови, и ги избриша со косата своја нозете Негови; и куќата се исполни со мирис од мирото.
4Еден од учениците Негови, Јуда Симонов Искариот, којшто подоцна Го предаде, рече:
5– Зошто не се продаде ова миро за триста пенези, и да се раздадеа на сиромасите?
6Ова тој го рече не дека се грижеше за сиромасите, туку зашто беше крадец. Тој го чуваше ковчежето и крадеше од она, што пуштаа во него.
7А Исус рече: – Оставете ја! Таа го запазила тоа за денот на Моето погребение;
8оти сиромасите ги имате секогаш покрај себе, а Мене Ме немате секогаш.
9Мнозина од Јудејците разбраа дека Исус е таму, па дојдоа не само заради Исуса, туку да го видат и Лазара, кого што го воскресна од мртвите.
10А првосвештениците се договорија да го убијат и Лазара,
11оти мнозина од Јудеја заради него ги напуштаа и веруваа во Исуса.
12На другиот ден, мноштво народ, кој беше дошол на празникот, кога чуја дека Исус доаѓа во Ерусалим,
13зедоа палмови гранчиња и излегоа да Го пречекаат; и викаа, велејќи: – Осана! Благословен е, Оној Кој доаѓа во името Господово, Царот Израилев!
14А Исус, кога најде едно магаренце, седна на него, како што е напишано:
15„Не бој се, ќерко Сионова! Еве, Царот твој доаѓа, седејќи на магаренце“.
16Ама ова учениците Негови не го разбраа; но, кога се прослави Исус, тогаш се сетија, дека тоа беше напишано за Него, и тоа Му го направија.
17Народот, кој беше со Него кога го извика#На Велика Среда, на утрената, до зачало 44-то без изоставање: Во она време, народот, кој беше со Исуса, кога го извика Он Лазара од гробот и го воскресна од мртвите, сведочеше.
18Затоа и Го пречека народот, оти беше чул, дека тоа чудо Он го направи.
Крај на Цветната недела
(Зачало 42)
19Афарисеите си велеа#Вторник од шестата седмица по Воскресение: Во она време, направија фарисеите совет против Исуса и си велеа помеѓу себе: гледате ли, дека ништо не помага? Ете, светот тргна по Него.
20Меѓу дојдените за празникот на поклонение, имаше и некои Елини.
21Тие пристапија кон Филипа, кој беше од Витсаида Галилејска, и го молеа, велејќи: – Господине, сакаме да Го видиме Исуса!
22Дојде Филип и му рече на Андреја; а Андреј и Филип Му кажаа на Исуса.
23Исус, пак, им одговори, велејќи: – Дојде часот да се прослави Синот Човечки.
24Вистина, вистина ви велам: ако зрното пченично, што паднало на земјата, не умре, останува само; а ако умре, ќе донесе голем плод.
25Кој ја сака душата своја, ќе ја изгуби; а кој ја мрази душата своја на овој свет, ќе ја запази за живот вечен.
26Кој Ми служи Мене, нека врви по Мене, и каде што сум Јас, таму ќе биде и Мојот слуга. И кој Ми служи мене, него ќе го уважува и Мојот Отец.
27Душата сега Ми се нажали, и што да кажам? Оче, избави Ме од овој час! Но, затоа и дојдов на овој час.
28Оче, прослави го#На Воздвижение на утрената: Рече Господ: Оче, прослави го името Свое! Тогаш дојде глас од небото: – И го прославив, и пак ќе го прославам.
29А народот што стоеше, кога го чу тоа, велеше: загрми; други, пак, рекоа: ангел Му прозбори.
30Исус одговори и рече: – Овој глас не беше заради Мене, но заради народот.
31Сега е судот на овој свет; сега кнезот на овој свет ќе биде истеран надвор.
32И кога Јас ќе бидам издигнат од земјата, сите ќе ги привлечам кон Себе.
33А ова го говореше за да покаже со каква смрт ќе умре.
34Народот Му одговори: – Сме слушале од Законот, дека Христос вечно ќе постои, а како Ти велиш дека Синот Човечки треба да биде издигнат? – Кој е Тој Син Човечки?
35Тогаш Христос им рече: – Уште малку време Светлината е со вас; одете, додека имате светлина, за да не ве опфати мракот; а кој оди по мрак, не знае каде оди.
(Зачало 43)
36Додека#Среда од шестата седмица по Воскресение: Им рече Господ на Јудејците што беа дошле кај Него: Додека ја имате Светлината, верувајте во Светлината, за да бидете синови на Светлината!
Крај на вторникот и на чесниот крст
Штом го рече тоа, Исус се отстрани и се сокри од нив.
37Иако толку чуда беше направил Он пред нив, тие пак не веруваа во Него,
38за да се изврши речениот збор од Исаија: „Господи, кој поверува на тоа, што чул од нас? И раката Господова кому се откри“?
39Тие затоа не можеа да поверуваат, оти Исаија уште вели:
40„Ги ослепи очите нивни, и ги скамени срцата нивни, за да не гледаат со очите, и со срцето да не разбираат, и да не се обратат, за да ги излечам“.
41Ова го рекол Исаија, кога беше ја видел славата Негова и говорел за Него.
42Ама од началниците мнозина поверуваа; но заради фарисеите не признаваа, за да не бидат исфрлени од синагогата;
43зашто им беше помила човечката слава, отколку славата Божја.
44А Исус подигна глас и рече: – Кој верува во Мене, верува не во Мене, туку во Оној, Којшто Ме испрати;
45и кој Ме гледа Мене, Го гледа Оној, Којшто Ме испрати.
46Јас – Светлината, дојдов во светот, така што никој, кој верува во Мене, да не остане во темнина.
47И, ако некој ги чуе зборовите Мои и не поверува, Јас нема да го судам, оти не дојдов да му судам на светот, туку да го спасам светот.
Крај на средата
48Којшто се откажува од Мене и не ги прима зборовите Мои, има кој да го суди: словото што го кажав, тоа ќе го осуди во последниот ден.
49Зашто Јас Сам од Себе не зборував; но Отецот, Којшто Ме испрати, Он Ми даде заповед што да кажам и што да зборувам.
50И знам дека заповедта Негова е живот вечен. А она што зборувам Јас, го зборувам така, како што Ми рече Отецот.
Крај на Вел. Среда, на утрената
Právě zvoleno:
Јован 12: MK2008
Zvýraznění
Sdílet
Kopírovat
Chceš mít své zvýrazněné verše uložené na všech zařízeních? Zaregistruj se nebo se přihlas
© Македонска Православна Црква 2008
© Мacedonian Orthodox Church 2008