Logo YouVersion
Ikona vyhledávání

Битие 21

21
Раѓањето на Исака. Истерување на Исмаила и неговата мајка. Авраамовиот завет со Авимелеха.
1И Господ милостивно погледна на Сáра, како што беше рекол, и ѝ направи Господ на Сáра како што ѝ беше рекол.
2Сáра зачна и му роди на Авраама син во староста негова, во време кога што му беше рекол Господ.
3И Авраам го нарече со името Исак, синот што му се роди, кој му го роди Сáра.
4И го обреза Авраам синот свој Исака во осмиот ден, како што му беше заповедал Господ.
5Авраам имаше сто години кога му се роди синот Исак.
6Сáра, пак, рече: »Господ ми нанесе смеа; кој ќе чуе за мене, ќе ми се смее.«
7И рече: »Кој би рекол дека Сáра на Авраама ќе му дои деца? Но сепак му родив син во староста негова.«
8Детето порасна и беше одбиено. А Авраам приреди голема гозба во оној ден кога го одбија Исака, синот негов.
9Виде Сáра дека синот на Агара Египтјанката, што му го роди таа на Авраама, се потсмева со нејзиниот син Исак.
10па му рече на Авраама: »Истерај ја оваа робинка со синот нејзин, зашто синот на оваа робинка не бива да стане наследник со мојот син Исака!«
11А тоа на Авраама му беше многу тешко, поради синот негов Исмаила.
12Но Бог му рече на Авраама: »Нека не ти е криво заради детето и робинката! Сѐ што ќе ти рече Сáра, послушај го гласот нејзин, зашто по Исака ќе се нарече потомството твое.
13А и од синот на робинката ќе издигнам голем народ, зашто тој е семе твое.«
14И Авраам стана утредента рано, зеде леб и мев со вода, и ѝ даде на Агара, ставајќи ѝ го тоа на грб, и детето, па ја отпушти. И таа тргна и се заскита по пустињата Вирсавија.
15А кога снема вода во мевот, таа го остави детето под еден даб,
16а самата отиде далеку, колку што со стрела може да се дофрли, и седна спроти него; зашто велеше: »Не можам да ја гледам смртта на моето дете.« И седејќи спроти него од далеку, кога го чу гласот на детето, почна гласно да плаче.
17Но Бог го чу гласот на детето од местото каде што беше, и ангел Божји ѝ викна на Агара од небото и ѝ рече: »Што ти е, Агаро? Не плаши се, бидејќи Господ го чу гласот на детето оттаму, каде што е.
18Стани, крени го детето и фати го за рака; оти од него ќе направам голем народ.«
19И Бог ѝ ги отвори очите, и таа виде извор на жива вода; и отиде, па го наполни мевот со вода, и го напои детето.
20А Бог беше со детето, и тоа порасна, и заживеа во пустињата, и стана стрелец со лак.
21Тоа живееше во пустињата Фаран. И мајка му негова му зеде жена од земјата Египетска.
22Во тоа време Авимелех, со Фихол, војводата негов, му рече на Авраама: »Бог е со тебе во сѐ што правиш.
23А сега заколни ми се овде во Бога дека нема да ми напакостиш ни мене, ни на потомството мое, ниту на името мое; туку дека ќе постапуваш добро со мене и со земјата, во која си гостин, како што потапував јас со тебе.«
24И рече Авраам: »Се заколнувам.«
25Тогаш Авраам го прекори Авимелеха за изворите водни што ги зедоа слугите Авимелехови.
26А Авимелех му рече: »Не знам кој го направи тоа; ниту ти ми кажа, ниту, пак, чув за тоа до денес.«
27А Авраам зеде овци и говеда, и му ги даде на Авимелеха, и тие двајца склопија сојуз.
28Потоа Авраам одвои седум јагниња од стадото.
29А Авимелех му рече на Авраама: »Зошто се овие седум јагниња што ги одвои?«
30Авраам, пак, одговори: »Прими ги од моја рака овие седум јагниња, за да ми бидат сведоштво дека јас сум го ископал оној кладенец.«
31Затоа она место се нарече Вирсавија, бидејќи тука се заколнаа обајцата.
32Откако склопија сојуз во Вирсавија, Авимелех со пријателот Охозат и Фихол, војводата негов, се кренаа и се вратија во земјата Филистејска.
33И Авраам насади шумичка во Вирсавија, и таму го призва името на Господа, Вечниот Бог.
34Авраам живееше во земјата Филистејска како придојден многу денови.

Právě zvoleno:

Битие 21: MK1990

Zvýraznění

Sdílet

Kopírovat

None

Chceš mít své zvýrazněné verše uložené na všech zařízeních? Zaregistruj se nebo se přihlas