Logo YouVersion
Ikona vyhledávání

Битие 20

20
Авимелех ја зема Сáра од Авраама и му ја враќа со подарок.
1Авраам оттаму тргна на југ, и се настани меѓу Кадес и Сур; и живееше некое време во Герар како придојден.
2Тогаш велеше Авраам за жената своја Сáра, дека му е сестра, оти се плашеше да рече дека му е жена, за да не го убијат жителите градски заради неа. А царот герарски Авимелех испрати, и ја зеде Сáра.
3Но Бог дојде при Авимелех ноќе во сон, и му рече: »Ете, ќе умреш заради жената, која си ја зел, зашто таа има маж.«
4А Авимелех не беше се допрел до неа, па рече: »Господи, зар ќе погубиш народ праведен?
5Нели самиот ми рече – ‚Сестра ми е‘ – а и таа самата рече ‚Брат ми е‘ – а јас тоа го направив простосрдечно и со чисти раце.«
6Тогаш му рече Бог во сонот: »Затоа те задржав да не грешиш пред Мене и не ти допуштив да се допреш до неа.
7А сега врати му ја на човекот жената негова, зашто е пророк, и ќе се помоли за тебе, и ќе останеш жив. Ако не ја вратиш, знај дека ќе умреш и ти и сите твои.«
8Утредента рано стана Авимелех, и ги повика сите слуги свои, и им го кажа сето тоа да го чујат. И тие многу се уплашија.
9Тогаш Авимелех го повика Авраама и му рече: »Што направи ти со нас? Што ти згрешив, па сакаше да навлечеш на мене и на царството мое голем грев? Ми го направи она, што никој не го прави.«
10И уште му рече Авимелех на Авраама: »Што имаше на ум, кога го направи тоа?«
11А Авраам одговори: »Си помислив дека во ова место нема страв Божји, па ќе ме убијат поради жената моја.
12А всушност и ми е сестра: по татко, но не и по мајка: и се омажи за мене.
13А кога ме изведе Господ од домот на мојот татко, јас ѝ реков: направи ми добро и кажи за мене, и во секое место каде што ќе дојдеме: ‚Брат ми е.‘«
14Тогаш Авимелех зеде овци, и говеда, и слуги, и слугинки, и му ги даде на Авраама, и му ја врати Сáра, жената негова.
15И му рече Авимелех на Авраама: »Еве, земјата моја е пред тебе; и каде што ти е угодно, насели се!«
16А на Сáра ѝ рече: »Еве, му дадов на твојот брат илјада сикли сребро: тоа нека ти биде во чест на твоето лице, превез пред очите на сите, кои се со тебе, и пред сите си оправдана.«
17Авраам, пак, Му се помоли на Бога, и Бог ги исцели Авимелеха, и жената негова, и слугинките негови, и тие почнаа да раѓаат;
18зашто Господ ги беше затворил сите утроби во домот на Авимелеха поради Сáра, жената Авраамова.

Právě zvoleno:

Битие 20: MK1990

Zvýraznění

Sdílet

Kopírovat

None

Chceš mít své zvýrazněné verše uložené na všech zařízeních? Zaregistruj se nebo se přihlas