Матеј 1
1
Родословот на Господ Исус Христос
(Лк 3,23-38)
1 #
9,27; 12,23; 15,22; 20,30-31; 21,9.15; 22,41-45; 1 Мојс 5,1; 15,2-5; 22,15-18; 2 Цар 7,13; Ис 9,2-7; Јн 7,42; 8,33-39; Рим 1,3; 2 Тим 2,8; Откр 5,5; 22,16; Гал 3,16 Книга за родословот на Исус Христос#1,1Христос значи Месија., син на Давид, син на Авраам. 2#1 Мојс 21,3.12; 25,19.26; 29,35Авраам го роди Исаак, Исаак го роди Јаков, а Јаков ги роди Јуда и неговите браќа; 3#Рута 4,13.17.22#1 Мојс 38,6.29-30Јуда ги роди Фарес и Зара, со Тамара; Фарес го роди Есром, а Есром го роди Арам; 4Арам го роди Аминадав; Аминадав го роди Наасон, а Наасон го роди Салмон; 5Салмон го роди Вооз со Раав; Вооз го роди Овид со Рута, а Овид го роди Јесеј; 6#2 Цар 12,24Јесеј го роди царот Давид, а царот Давид, со жената на Урија, го роди Соломон; 7#1 Лет 3,10-16Соломон го роди Ровоам; Ровоам го роди Авија, а Авија го роди Аса; 8Аса го роди Јосафат; Јосафат го роди Јорам, а Јорам го роди Озија; 9Озија го роди Јоатам; Јоатам го роди Ахаз, а Ахаз го роди Езекија; 10Езекија го роди Манасија; Манасија го роди Амон, а Амон го роди Јосија; 11#4 Цар 24,12-16Јосија го роди Јехонија и неговите браќа, за време на преселувањето во Вавилон. 12#1 Лет 3,17.19; Лк 3,27А по вавилонското преселување Јехонија го роди Салатиил, а Салатиил го роди Зоровавел; 13Зоровавел го роди Авиуд; Авиуд го роди Елијаким, а Елијаким го роди Азор; 14Азор го роди Садок; Садок го роди Ахим, а Ахим го роди Елиуд; 15Елиуд го роди Елеазар; Елеазар го роди Матан, а Матан го роди Јаков; 16#Јн 1,41 #Лк 1,26-27; 2,5Јаков го роди Јосиф, мажот на Марија, од која се роди Исус, наречен Христос. 17И така, сите поколенија од Авраам до Давид се четиринаесет; и од Давид до преселувањето во Вавилон се четиринаесет поколенија; а и од преселувањето во Вавилон до Христос – четиринаесет поколенија.
Раѓањето на Исус Христос
(Лк 2,1-7)
18А раѓањето на Исус Христос се случи вака: по свршувачката на мајка Му Марија за Јосиф, уште пред да заживеат во заедница, се виде дека таа зачнала од Светиот Дух. 19А Јосиф, нејзиниот маж, бидејќи беше праведен, не сакаше да ја посрами и намисли тајно да ја остави. 20#1,24; 2,12-13.19.22; 27,19; 28,2; 1 Мојс 16,7; 20,3; Дан 2,1; Лк 1,11.27.35; Дела 7,38; 5,19; 8,26; 12,7.23Но штом помисли така, Господов ангел му се јави на сон и му рече: „Јосифе, сине Давидов, не плаши се да ја примиш Марија, твојата жена, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух. 21#Ис 7,14; Лк 1,31; Пс 129,8; Дела 4,12; Тит 2,14Таа ќе роди Син и ќе Му дадеш име Исус, зашто Тој ќе го спаси Својот народ од неговите гревови.“ 22#2,15.17.23; 4,14; 8,17; 21,4; 26,56; Лк 4,21; Јн 12,38А сето тоа се случи за да се исполни кажаното од Господ преку пророкот, кој вели:
23 #
18,20; 28,20; Ис 7,14 „Ете, девица ќе зачне во утробата
и ќе роди Син
и ќе Го наречат Емануил –
што значи: со нас е Бог!“
24Штом се разбуди од сонот, Јосиф направи како што му беше заповедал ангелот Господов и ја зеде својата жена. 25#Лк 2,7И не се доближи до неа, додека таа не Го роди својот првороден Син; и Му даде име Исус.
S'ha seleccionat:
Матеј 1: MAK2023
Subratllat
Comparteix
Copia
Vols que els teus subratllats es desin a tots els teus dispositius? Registra't o inicia sessió
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023