YouVersion Logo
Search Icon

Марко 13

13
Исус го навестува разурнувањето на храмот
(Мт 24,1-2; Лк 21,5-6)
1А кога излегуваше од храмот, еден од Неговите ученици Му рече: „Учителе, гледај какви камења и какви градби!“ 2#Лк 19,44А Исус му одговори и рече: „Ги гледаш ли овие големи градби? Нема да остане тука ниту ка­мен на камен, што нема да биде урнат!“
Страдања и прогонства
(Мт 24,3-14; Лк 21,7-19)
3 # 11,1; Мт 4,18.21 А кога седеше на Маслиновата Гора, спроти храмот, Пе­тар, Јаков, Јован и Андреј насамо Го прашаа: 4#4 Цар 20,8„Кажи ни, кога ќе биде тоа и каков ќе биде знакот кога сето тоа ќе треба да се исполни?“ 5Исус, одговарајќи им, почна да збо­рува: „Пазете се да не ве прелаже не­кој! 6#Ер 14,14; Јн 5,43Зашто мнозина ќе дојдат во Мое име, говорејќи дека сум Јас; и ќе прелажат мнозина. 7#Агеј 2,6; Дан 2,28А кога ќе чуете за војни и гласови за војни, не плашете се; зашто сето тоа треба да се случи; но тоа сѐ уште не е крајот. 8#Ис 19,2; 26,17; Ер 4,31; 2 Лет 15,6Бидејќи ќе се крене народ против народ и царство против царство; а на некои мес­та ќе има и земјотреси, и глад и метежи. Тоа е по­четокот на стра­да­њата. 9#1,44; 6,11; Мт 10,17-18Но вие пазете се, зашто ќе ве предаваат на судови; и ќе ве тепаат по синагогите, и ќе бидете изведувани пред управници и пред цареви заради Мене, за сведоштво пред нив. 10#Мт 28,19; Рим 11,25И кај сите народи најнапред треба да се проповеда благовестието. 11#Мт 10,19А кога ќе ве поведат, за да ве предадат, не грижете се однапред што ќе говорите, ниту претходно обмислувајте; туку она што ќе ви се даде во тој час, тоа кажете го; зашто не сте вие што ќе зборувате, туку Светиот Дух. 12#Мих 7,6; Мт 10,35И брат брата ќе предаде на смрт, и татко дете, и ќе се дигнат деца против родители, и ќе ги убијат. 13#Мт 5,11; 10,22; Лк 6,22; Јн 15,18-21; 16,2; 1 Птр 4,14Ќе бидете намразени од сите заради Моето име, но кој ќе претрпи до крај, тој ќе биде спасен.“
Големото запустување
(Мт 24,15-28; Лк 21,20-24; 17,23; 21,8)
14 # Дан 9,27; 11,31; 12,11; 1 Мак 1,54 „А кога ќе ја видите одвратноста на запустувањето, за која говори пророк Даниил, како стои каде што не тре­ба – кој чита, нека разбере – тогаш, оние што се во Јудеја, нека бегаат по плани­ни­те; 15и кој е на покривот, да не слегува во куќата, ниту да влегува да земе нешто од својата куќа; 16#Лк 17,31и кој е на нива, да не се враќа за да си ја земе облеката! 17#Лк 23,29 Тешко на бремените и на доилките во тие денови! 18Туку молете се вашето бегство да не биде во зима! 19#Дан 12,1; Мт 24,21; Откр 16,18Зашто во тие денови ќе има неволја, как­ва што досега немало од почетокот на светов, што го создаде Бог, а и нема да има. 20И ако Господ не ги скрати тие денови, тогаш никој и ништо не би се спасило; но заради избраните, кои ги избра Тој, ги скрати деновите. 21Ако некој тогаш ви каже: ’Еве, ов­де е Христос‘, или: ’Ене, таму е‘, не веру­вај­те! 22#5 Мојс 12,32–13,2; Мт 24,11.24; 2 Сол 2,9-10; Откр 13,13-14Зашто, ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе покажат знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, и избраните. 23Но вие – чувајте се! Ете, сѐ од­на­пред ви кажав!
Исусовото враќање
(Мт 24,29-31; Лк 21,25-28)
24 # Ис 13,10; 34,4; Ез 32,7-8; Јоил 2,10; 2,31; 3,15; Амос 8,9; Откр 6,12-14; 8,12 Во тие денови, по неволите, сонцето ќе се помрачи и месечината нема да ја дава својата светлина, 25и ѕвездите ќе паѓаат од небото и си­лите, што се на небото, ќе се раз­ни­ша­ат. 26#4 Мојс 11,25; Дан 7,13; 7,14; Мт 8,20; Откр 1,7И тогаш ќе Го видат Синот Чо­веч­ки како доаѓа на облаци со голема сила и слава. 27#5 Мојс 30,3-4; Ез 37,9; Зах 2,6; Неем 1,9Тогаш Тој ќе ги испрати Своите ангели и ќе ги собере Своите избрани од четирите ветра, од крајот на земјата до крајот на небото.
Споредба со смоквата
(Мт 24,32-35; Лк 21,29-33)
28 # 11,13; Мт 21,19 Научете ја параболата од смоквата: кога нејзините гранки ќе станат кревки и ќе разлистат, знаете дека е близу летото. 29#Јк 5,9; Откр 3,20Па така и вие, кога ќе видите дека сето тоа се случува, знајте дека Тој е близу, пред врата! 30#Мт 23,36Вистина ви велам: нема да помине ова поколение, додека сето тоа не се случи. 31#Мт 5,18; Лк 16,17Небото и земјата ќе поминат, но Моите зборови нема да поминат!“
Денот и часот го знае само Отецот
(Мт 24,36-44)
32 # Мт 24,36; Дела 1,7; 1 Сол 5,1-2 „А за тој ден и тој час никој не знае, ниту ангелите на небесата, ниту Синот, а само Отецот. 33#14,38; Мт 24,42; Ефес 6,18Внимавајте, бидете будни и молете се, зашто не знаете кога ќе дојде часот. 34#Мт 25,14Како човек кој, заминувајќи, ја ос­тава својата куќа и на своите слуги им дава власт, и секому своја работа, а на вратарот му заповеда да биде буден. 35#Мт 25,13Затоа, бидете будни, зашто не знаете кога ќе дојде домаќинот на куќата, прик­ве­чер ли, или на полноќ, или кога ќе пропеат петлите или наутро, 36па да не дојде ненадејно и да ве за­тече како спиете. 37#Мт 26,41Она што ви зборувам вам, им го зборувам на сите: Бидете будни!“

Currently Selected:

Марко 13: MAK2023

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in