Јован 17
17
Исусовата молитва
1 #
2,4; 11,41; 12,23; 13,1.31-32; Мт 26,45 Исус го кажа ова, па ги подигна Своите очи кон небото и рече: „Оче, дојде часот; прослави Го Својот Син, за и Твојот Син да Те прослави, 2#3,35; Мт 28,18како што си Му дал власт над секое тело, та на сето она што си Му го дал, да му даде вечен живот. 3#1,4; 6,40; 12,25; Ер 24,7; 31,31-34; Ез 36,25-28; Ос 2,20; Мудр 15,3; 1 Јн 5,13.20А ова е вечниот живот: да Те познаат Тебе, Единиот вистински Бог, и Исус Христос, Кого Ти Го испрати. 4#13,31-32; 19,30Јас Те прославив на земјата; го извршив делото што си Ми го дал да го извршам. 5#1,1-2; 8,58; 17,24; Фил 2,6; Евр 5,5И сега прослави Ме Ти, Оче, во Тебе Самиот, со славата што ја имав во Тебе уште пред да настане светот. 6#6,37-39.44; 17,2.9.12.24.26; 2 Мојс 3,13-14; Евр 2,12Го објавив Твоето име на луѓето што си Ми ги дал од светот; Твои беа, и Мене Ми ги даде, и го запазија Твоето слово. 7Сега разбраа дека сѐ што си Ми дал е од Тебе; 8#3,2.11; 16,30зашто зборовите што си Ми ги дал им ги предадов, и тие ги примија, и вистински разбраа дека од Тебе излегов и поверуваа дека Ти си Ме пратил. 9#15,19; Лк 22,32Јас за нив се молам; не се молам за светот, туку за оние што си Ми ги дал, зашто се Твои. 10#16,15; Лк 15,31И сѐ Мое е Твое, и Твоето – Мое, и се прославив во нив. 11#10,30; 13,1.3; 17,21; 3 Мојс 19,2; Гал 3,28; 1 Птр 1,5.16И веќе не сум во светот, но тие се во светот, а Јас доаѓам кај Тебе. Оче свет, запази ги во Твоето име оние што си Ми ги дал, за да бидат едно, како Ние. 12#6,39; 10,28; 13,18; 18,8-9; Пс 40,9; Дела 8,20; 2 Сол 2,3Додека бев со нив во светот, Јас ги пазев во Твоето име; оние, што си Ми ги дал, ги зачував, и никој од нив не погина, освен синот на погибелта – за да се исполни Писмото. 13#15,11; 1 Јн 1,4А сега доаѓам кај Тебе, и ова му го кажувам на светот за да ја имаат Мојата радост потполна во себе. 14#8,23; 15,18-19Јас им го предадов Твоето слово; и светот ги замрази, зашто тие не се од светот, како и Јас што не сум од светот. 15#Мт 6,13; Лк 22,32; 2 Сол 3,3; 1 Јн 5,18Не се молам да ги земеш од светот, туку да ги запазиш од злото. 16Тие не се од светот, како и Јас што не сум од светот. 17#10,36; Ер 1,5Освети ги во Својата вистина; Твоето слово е вистина. 18#20,21Како што Ти Ме прати во светот, така и Јас ги пратив во светот. 19#4,23; 15,13; Лк 22,20; 1 Кор 1,30; Евр 2,11; 10,12.14И за нив Јас се осветувам Себеси, та и тие да бидат осветени во вистината. 20#Рим 10,17; 1 Сол 2,13; 1 Јн 1,3Но не се молам само за нив, туку и за оние што преку нивните зборови ќе поверуваат во Мене, 21#10,38; 17,11; Дела 4,32; Гал 3,28за да бидат сите едно, како што си Ти, Оче, во Мене, и Јас во Тебе; па така и тие да бидат во Нас едно – та да поверува светот дека Ти си Ме пратил. 22#17,5И славата што си Ми ја дал, Јас им ја дадов ним, за да бидат едно, како што сме Ние едно. 23#15,9; 1 Кор 6,17; Гал 2,20Јас сум во нив и Ти си во Мене, за да бидат совршени во едно, и да дознае светот дека Ти си Ме испратил, и нив си ги возљубил, како Мене што Ме возљуби. 24#1,14; 10,29; 12,26; 17,5; Мт 25,34; 2 Кор 3,18Оче, оние што си Ми ги дал, сакам и тие да бидат со Мене, каде што сум Јас, за да ја гледаат Мојата слава што си Ми ја дал, зашто Ме возљуби уште пред создавањето на светот. 25#1,10; 8,55; Мт 11,27; Откр 16,5Оче Праведен, светот не Те позна, но Јас Те познав; и овие познаа дека Ти си Ме пратил; 26#17,6; 2 Мојс 3,13-14; Пс 7,17; Рим 8,39и им го објавив Твоето име и ќе го објавувам, та љубовта со која Ти Ме возљуби, да биде во нив, и Јас во нив.“
Currently Selected:
Јован 17: MAK2023
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023