YouVersion Logo
Search Icon

Јован 16

16
1„Ова ви го кажав за да не се соблазните. 2#9,22; Ис 66,5; Мт 5,11; 10,17; 24,9Ќе ве истеруваат од синагогите, па дури ќе настапи и време кога секој што ќе ве убие, ќе мисли дека на Бога Му принесува служба. 3#8,19; 15,21А тоа ќе го прават зашто не Го познаа ниту Отецот, ниту Мене. 4#2,22; 14,29; 16,25; Мк 13,23; Дела 8,1Но ова ви го зборував, та кога ќе дојде времето, да се сетите дека Јас сум ви го кажал; а од почетокот не ви го зборував ова, зашто бев со вас.“
Задачите на Светиот Дух
5 # 7,33; 13,36 „А сега одам кај Оној што Ме ис­пра­ти, и никој од вас не Ме праша: ’Каде одиш?‘ 6#16,22Но затоа што ви го кажав ова, срцето ви се исполни со тага. 7#14,16.26; 15,26Но Јас вистината ви ја кажувам: по­добро за вас е Јас да отидам, зашто ако не отидам Јас, Утешителот нема да дојде кај вас; ако, пак, заминам, ќе Го пратам кај вас. 8#10,25; Дела 24,25И Тој, кога ќе дојде, ќе го разобличи светот за грев, и за правда и за суд: 9#5,38; 6,36.64; 8,21-24; 12,37за грев – зашто не веруваат во Мене; 10#7,34; 13,1.33; 14,12.19.28; 20,17; Дела 7,52за правда – зашто одам кај Својот Отец и веќе нема да Ме видите; 11#12,31; 14,30а за суд – зашто кнезот на овој свет е осуден. 12#1 Кор 3,1-2Имам уште многу да ви кажувам, но сега не можете да носите. 13#14,17.26; 15,26; 1 Јн 2,27А кога ќе дојде Тој, Духот на Вис­тината, ќе ве упати во сета вистина; но нема да зборува од Себе, туку ќе го говори она што ќе го чуе и ќе ве извести за она што доаѓа. 14#7,39Тој Мене ќе Ме прослави, зашто од Моето ќе земе и ќе ви објави. 15#17,10; Лк 15,31Сѐ што има Отецот, Мое е; затоа и ви реков дека од Моето ќе земе и ќе ви објави.“
Тага и радост
16 # 7,33; 14,19; Дела 1,3 „Уште малку и нема да Ме гледате, и повторно уште малку и ќе Ме видите, зашто одам кај Отецот.“ 17Тогаш некои од Неговите ученици си рекоа меѓу себе: „Што е тоа што ни ве­ли: ’Уште малку и нема да Ме гледате, и повторно уште малку и ќе Ме видите?‘ и ’Јас си одам кај Отецот?‘“ 18И зборуваа: „Што е тоа, што ве­ли: ’Уште малку?‘ Не знаеме што зборува.“ 19#Лк 9,45Тогаш Исус разбра дека сакаат да Го пра­шаат, и им рече: „Затоа ли се пра­шу­ва­те меѓу себе, зашто реков: ’Уште малку, и нема да Ме гледате и повторно уште малку, и ќе Ме видите?‘ 20#Мк 16,10; Лк 5,35; 23,27; Откр 11,10Вистина, вистина ви велам дека вие ќе заплачете и ќе заридате, а светот ќе се радува; вие, пак, ќе бидете нажалени, но вашата жалост ќе се претвори во радост. 21#Ис 13,8; 26,17-18; Ос 13,13; Мих 4,9; Мк 13,8; Рим 8,22; 1 Сол 5,3; Откр 12,2Кога раѓа, жената има болки, зашто ѝ дошло нејзиното време; но штом ќе го роди детето, не ја помни маката, поради радоста што се родил човек на светот. 22#14,19; 15,11; 20,20; Ис 66,14; Мт 28,8; Лк 24,41; Дела 2,46; 2 Кор 4,17Па така и вие сега имате болки; но повторно ќе ве видам, и ќе се зарадува вашето срце и вашата радост никој нема да ви ја одземе; 23#15,16; 1 Јн 5,14-15и во тој ден нема ништо да Ме прашувате. Вистина, вистина ви велам: што и да посакате од Отецот во Мое име, ќе ви даде. 24#15,11; Мт 7,7-8.11; 18,19; 1 Јн 1,4Досега ништо не сте барале во Мое име; барајте и ќе добиете, за да биде потполна вашата радост.“
Победа над светот
25 # 10,6; 12,16; Мт 13,34-35 „Ова во параболи ви го кажав; но доаѓа час кога веќе нема во параболи да ви зборувам, туку отворено ќе ве известам за Отецот. 26Во тој ден ќе побарате во Мое име, и не ви велам дека Јас ќе Го замолам Отецот за вас; 27#8,42; 14,21.23; 21,15-17бидејќи Отецот Самиот ве љуби, зашто вие Ме возљубивте и поверувавте дека Јас излегов од Бога. 28#1,1; 13,3Излегов од Отецот и дојдов во светот; сега повторно го оставам светот и одам кај Отецот.“ 29Неговите ученици Му рекоа: „Еве, сега отворено зборуваш и никаква па­рабола не кажуваш. 30#2,25; 16,19Сега знаеме дека знаеш сѐ и немаш потреба никој да Те прашува. Поради тоа веруваме дека од Бога си излегол.“ 31Исус им одговори: „Сега ли верувате? 32#8,29; Зах 13,7; Мт 26,31.56Ете, доаѓа часот, и веќе дојде, да се разбегате секој кај своите, а Мене сам да Ме оставите; но не сум сам, бидејќи Отецот е со Мене. 33#12,31; 13,19; 14,27.30; 15,18; Рим 8,37; 1 Кор 15,57; 2 Кор 1,8; 2 Тим 3,12; 1 Јн 5,5; Откр 5,5Ова ви го реков за да имате мир во Мене. Во светот ќе имате маки; но бидете смели, зашто Јас го победив светот.“

Currently Selected:

Јован 16: MAK2023

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in