Јован 12
12
Помазанието Исусово во Витанија
(Мт 26,6-13; Мк 14,3-9)
1 #
11,1.43-44 На шест дена пред Пасха, дојде Исус во Витанија, каде што беше умрениот Лазар, кого го воскресна од мртвите. 2#11,2; Лк 10,40Таму Му приготвија вечера и Марта послужуваше, а Лазар беше еден од оние што седеа со Него на трпезата. 3#Лк 7,37-38Тогаш Марија, земајќи литар чисто, скапоцено миро, ги помаза Исусовите нозе и со својата коса ги избриша Неговите нозе; и куќата се исполни со мирис од мирото. 4#6,71; Мт 10,4А еден од Неговите ученици, Јуда Симонов Искариотски, којшто сакаше да Го предаде, рече: 5#6,7; Мт 19,21„Зошто мирово не се продаде за триста денарии, та да се раздадеше на сиромаси?“ 6#Лк 8,3Ова тој го рече не дека се грижеше за сиромасите, туку зашто беше крадец. Тој го чуваше ковчежето и крадеше од она што пуштаа во него. 7#19,40А Исус рече: „Оставете ја! Таа го чувала тоа за денот на Мојот погреб. 8#5 Мојс 15,11Сиромасите секогаш ги имате со себе, а Мене Ме немате секогаш.“
Заговор и против Лазар
9Тогаш големо мноштво од Јудејците разбраа дека Исус е таму, па дојдоа не само заради Исус, туку да го видат и Лазар, кого Тој го воскресна од мртвите. 10#Мк 14,1А првосвештениците се договорија да го убијат и Лазар, 11зашто мнозина од Јудејците доаѓаа поради него и веруваа во Исус.
Свеченото влегување во Ерусалим
(Мт 21,1-12; Мк 11,1-11; Лк 19,28-40)
12Утредента мноштво луѓе, кои беа дошле на празникот, штом чуја дека Исус доаѓа во Ерусалим, 13#6,14-15; 18,33.37.39; 19,3-21; Соф 3,15; Пс 117,25.26зедоа палмови гранчиња, и Му излегоа во пресрет, извикувајќи: „Осана!#12,13 На еврејски Хошиана – Спаси нѐ! – месијански восклик. Благословен е Оној што доаѓа во името Господово, Царот Израилев!“ 14А Исус, наоѓајќи младо магаре, седна на него, како што е напишано: 15#Ис 35,4; Зах 9,9„Не плаши се, ќерко Сионова! Еве, твојот Цар доаѓа, седејќи на прле.“ 16#2,22; 14,26; Мк 4,13; Лк 24,45Но на почетокот Неговите ученици не го разбраа ова. А кога се прослави Исус, тогаш се сетија дека тоа беше напишано за Него и дека тоа Му го направија. 17#11,43-44Народот, што беше со Него кога Тој го извика Лазар од гробот и го воскресна од мртвите, сведочеше. 18Затоа и народот Го пречека, зашто беа чуле дека Тој го направи тоа чудо. 19#3,26; 11,47-48; Мк 1,37; Дела 5,28А фарисеите си велеа меѓу себе: „Гледате ли дека ништо не помага? Ете, светот тргна по Него!“
Некои Елини Го бараат Исуса
20 #
Дела 10,2
Меѓу дојдените за празникот на поклонение имаше и некои Елини. 21#1,44; 7,34; Лк 19,3; 23,8Тие пристапија кон Филип, кој беше од Витсаида Галилејска, и го молеа, велејќи: „Господине, сакаме да Го видиме Исус.“ 22Дојде Филип и му кажа на Андреј, а Андреј и Филип Му кажаа на Исус. 23#11,4; 13,1; 17,1; Мт 8,20; Мк 14,35.41Исус, пак, им одговори, велејќи: „Дојде часот да се прослави Синот Човечки. 24#Ис 53,10-12; Мт 16,21; Рим 14,9; 1 Кор 15,36Вистина, вистина ви велам: ако пченичното зрно, што паднало на земја, не умре – останува само; а ако умре – многу род носи. 25#Мт 16,25; Мк 8,35; Лк 9,24; 14,26; Откр 12,11Оној што го сака својот живот, ќе го загуби; а оној што го мрази својот живот на овој свет, ќе го запази за вечен живот. 26#14,3; 17,24; Мт 4,19; 16,24; Мк 8,34; Лк 14,27Ако некој Ми служи Мене, нека врви по Мене; и каде што сум Јас, таму ќе биде и Мојот служител. И ако некој Ми служи Мене, него ќе го почитува Отецот.
Исус говори за Својата смрт
27 #
11,33; 16,21; 18,11; Пс 6,4.5; 41,5.11; Мт 26,38; Евр 5,7-8 Душата сега Ми се нажали, и што да кажам? Оче, избави Ме од овој час! Но заради тоа дојдов во овој час. 28#13,31-32; 17,1-11; Мт 3,17Оче, прослави го Своето име!“ Тогаш дојде глас од небото: „Го прославив, и пак ќе го прославам.“ 29#Лк 22,43; Дела 23,9А народот што стоеше, кога го чу тоа, велеше: „Загрми!“, други, пак, рекоа: „Ангел Му зборуваше!“ 30#11,42Исус одговори и рече: „Овој глас не беше заради Мене, туку заради вас. 31#3,19; 9,39; 14,30; 16,11; Лк 10,18; Ефес 2,2; Откр 12,9; 20,1-6Сега е судот на овој свет; сега кнезот на овој свет ќе биде исфрлен надвор. 32#3,14; 8,28; 14,3; Фил 2,9-10И кога Јас ќе бидам издигнат од земјата, сите ќе ги привлечам кон Себе.“ 33#18,32; 21,19А ова го зборуваше за да покаже со каква смрт ќе умре. 34#2 Цар 7,16; Ис 9,6; Ез 37,25; Пс 88,4.36; 110,4; Мт 8,20Народот Му одговори: „Од Законот сме слушале дека Христос ќе остане довека, а како Ти велиш дека Синот Човечки треба да биде издигнат? Кој е Тој Син Човечки?“ 35#7,33; 8,12; 9,4; Ер 13,16; 1 Јн 2,11Тогаш Исус им рече: „Уште малку време Светлината е со вас; одете додека ја имате Светлината, за да не ве опфати темнина; а оној што оди во темнината, не знае каде оди. 36#8,59; Лк 16,8; Ефес 5,8; 1 Сол 5,5Додека ја имате Светлината, верувајте во Светлината, за да бидете синови на Светлината!“ Штом го рече тоа, Исус си замина и се сокри од нив.
Неверството на народот
37 #
2,11; 5 Мојс 29,2-4; Мт 11,20; Рим 10,16; Евр 4,2 И покрај толкуте чудесни знаци, што ги беше направил пред нив, тие не веруваа во Него, 38#Ис 53,1; Рим 10,16за да се исполни словото од пророкот Исаија, којшто рече: „Господи, кој ли поверува во она што го слушна од нас? И раката Господова кому му се откри?“ 39#5,44Тие затоа не можеа да поверуваат, зашто Исаија уште вели: 40#9,39-41; Ис 6,10; Мт 13,13-15; Дела 28,26-27„Ги ослепи нивните очи и ги скамени нивните срца, та со очите да не гледаат и со срцето да не разбираат и да не се обратат за да ги исцелам.“ 41#1,14; 5,39; Ис 6,1Ова Исаија го рече зашто ја беше видел Неговата слава и зборувал за Него. 42#2,23; 7,31; 9,22; 16,1-4; Лк 6,22Но, сепак, дури и од началниците мнозина поверуваа во Него, само не признаваа заради фарисеите, за да не бидат исклучени од синагогата; 43#5,44зашто ја засакаа човечката слава повеќе од славата Божја.
Словото на Исус ќе суди
44 #
5,24; 13,20; Мт 10,40 А Исус гласно извика: „Оној што верува во Мене, не верува во Мене, туку во Оној што Ме пратил, 45#1,18; 14,9кој Ме гледа Мене, Го гледа Оној што Ме пратил. 46#8,12; 9,5Јас – Светлината – дојдов во светот, та никој што верува во Мене да не остане во темнина. 47#3,17; Лк 6,49; 8,21; 11,28И ако некој ги чуе Моите зборови и не поверува, Јас нема да го судам, зашто не дојдов за да го судам светот, туку за да го спасам светот. 48#8,37.47; 5 Мојс 18,18-19; 31,26-29; 1 Сол 4,8Има кој да го суди оној што се откажува од Мене и не ги прима Моите зборови – словото што го кажав, тоа ќе го осуди во последниот ден. 49#7,17; 8,26.28; 14,10.24Зашто Јас Сам од Себе не зборував; туку Отецот, што Ме прати, Тој Ми даде заповед што да кажам и што да зборувам. 50#6,40; 17,2; 1 Птр 4,11И знам дека Неговата заповед е вечен живот. И така, она што Јас го зборувам, го зборувам онака како што Ми рече Отецот.“
Currently Selected:
Јован 12: MAK2023
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023