Дела 28
28
Павле на островот Мелит
1 #
27,26-27
И откако се спасивме, дознавме дека островот се вика Мелит#28,1 Денешна Малта. 2А мештаните ни укажаа необична човекољубивост: нѐ примија сите и, бидејќи врнеше дожд и беше студено, накладоа оган. 3А кога Павле насобра многу гранки и ги стави на огнот, една змија излезе од гранките поради горештината и се впи во неговата рака. 4Мештаните, штом го видоа животното како виси на неговата рака, меѓу себе си рекоа: „Овој човек несомнено е убиец; па затоа, иако се избави од морето, Божјиот суд нема да го остави да живее.“ 5#Мк 16,18Но тој ја истресе змијата во огнот и ништо лошо не му стана. 6#14,11А тие очекуваа да се појави оток, или, пак, веднаш да падне мртов; но, бидејќи чекаа долго време и видоа дека не му стана никакво зло, тие си го променија мислењето и велеа дека тој е бог. 7#16,15; 28,14Околу тоа место се наоѓаа имотите на началникот на островот, по име Поплиј. Тој нѐ прими и три дена пријателски нѐ гоштеваше. 8#Лк 4,38; Јк 5,14Но се случи таткото на Поплиј да легне болен, страдајќи од треска и болки во стомакот. Павле влезе кај него, се помоли и, положувајќи ги своите раце на него, го исцели. 9#5,15-16; 8,7Тогаш, и другите од островот, што страдаа од болести, доаѓаа и се лекуваа. 10Тие откако ни укажаа големи почести, пред заминување нѐ снабдија со сите потребни работи.
Павле пристигнува во Рим
11По три месеци отпловивме со еден александриски кораб, што беше презимил на тој остров и го имаше знакот на Диоскури. 12И откако стигнавме во Сиракуза, таму останавме три дена. 13Оттаму отпловивме и пристигнавме во Ригија; а по еден ден дувна југот, па во вториот ден пристигнавме во Потиоли; 14#20,6; 21,4таму најдовме браќа кои нѐ замолија да останеме кај нив седум дена. Потоа дојдовме во Рим. 15Тамошните браќа, штом чуја за нас, излегоа да нѐ пресретнат дури до Апиевиот плоштад и до трите крчми. Кога ги виде Павле, Му заблагодари на Бога и се ободри. 16#24,23; 28,30Штом влеговме во Рим, стотникот му ги предаде затворениците на военоначалникот, а на Павле му беше допуштено да живее одделно, но под стража на еден војник.
Павле проповеда во Рим
17 #
21,33; 22,24; 25,8 По три дена Павле ги повика јудејските првенци и кога се собраа, тој им рече: „Луѓе, браќа, иако не направив ништо против народот или татковските обичаи, од Ерусалим ме предадоа окован во рацете на Римјаните. 18#26,32Тие откако ме испитаа, сакаа да ме пуштат, зашто во мене не најдоа никаква вина што заслужува смрт; 19#25,11-12.21-25но, бидејќи Јудејците се противеа, бев принуден да барам суд пред цезарот; но не за да го обвинувам во нешто својот народ. 20Поради тоа и ве повикав да се видиме и да позборуваме; бидејќи заради надежта на Израил сум окован во овие вериги.“ 21А тие му одговорија: „Ние ниту писма сме добиле за тебе од Јудеја, ниту некој од браќата дошол да нѐ извести или нешто лошо да каже за тебе. 22Но сакаме да чуеме од тебе што мислиш, зашто познато ни е дека насекаде се говори против тоа учење.“ 23#20,25; 28,31И откако му определија ден, големо мноштво дојде во живеалиштето кое му беше определено, и тој од утро до вечер им го изложуваше учењето, сведочејќи за царството Божјо и уверувајќи ги за Исус и преку Мојсеевиот Закон и преку Пророците. 24#17,2.11Едни се убедија од неговото кажување, а други не поверуваа. 25#23,7; Лк 24,27.44Бидејќи беа несложни меѓу себе, тие почнаа да си заминуваат; и во тоа време Павле им ги кажа овие зборови: „Добро им рекол Светиот Дух на вашите татковци преку пророкот Исаија, велејќи: 26#Ис 6,9-10; Мт 13,14-15’Оди и кажи му на овој народ: со уши ќе чуете, и нема да разберете, со очи ќе гледате, и нема да видите, 27зашто срцето на овој народ закоравело, та со ушите тешко слушаат, а своите очи ги затвориле, за со очите да не видат и со ушите да не чујат, и со срцето да не разберат, и да не се обратат, за да ги исцелам.‘ 28#13,46; 18,6Затоа, да знаете дека спасението од Бога им е испратено на незнабошците; тие и ќе чујат.“ 29Кога го рече тоа, Јудејците се разотидоа, препирајќи се многу меѓу себе. 30#28,23А Павле остана таму цели две години во посебно изнајмена куќа и ги примаше сите, што доаѓаа кај него, 31#19,8; 20,25; 28,23проповедајќи го царството Божјо и смело учејќи за Господ Исус Христос, без некој да му го забранува тоа.
Currently Selected:
Дела 28: MAK2023
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023