Дела 24
24
Обвинувањето на Јудејците против Павле
1 #
25,2
По пет дена првосвештеникот Ананија слезе со старешините и со некој говорник Тертил, па излегоа пред управникот, обвинувајќи го Павле. 2#24,10А кога го повикаа, Тертил почна да го обвинува, велејќи: 3„Секогаш и насекаде со голема благодарност признаваме дека преку тебе, многупочитуван Феликсе, кај нас има полн мир, а преку твоите грижи – на овој народ му се дели вистинска правда. 4#26,2-3Но, за да не ти одземеме многу време, те молам накратко да нѐ сослушаш со твојата кротост. 5Утврдивме дека овој човек е чума и дека крева бунтови меѓу сите Јудејци по целиот свет и дека е водач на назарејската ерес. 6#6,13-14; 25,8Тој се обиде дури и храмот да го оскверни. Затоа ние го фативме и сакавме да му судиме според нашиот Закон; 7но заповедникот Лисиј дојде и со голема сила го истргна од нашите раце, и го испрати кај тебе, 8откако заповеда и ние, неговите обвинители, да дојдеме кај тебе. Ти ќе можеш сам да го испиташ и од него да дознаеш за што го обвинуваме.“ 9И Јудејците потврдуваа дека е така.
Павле ја искажува својата одбрана пред Феликс
10 #
24,4; 26,2 А кога управникот му даде знак да зборува, Павле одговори: „Знаејќи дека многу години ти си судија на овој народ, со послободно срце ќе зборувам во моја одбрана. 11#20,16Ти можеш да дознаеш дека нема повеќе од дванаесет дена откако се искачив во Ерусалим на поклонение. 12И не ме најдоа ниту во храмот, ниту по синагогите, ниту, пак, во градот да спорам со некого, или да го бунтувам народот. 13Ниту, пак, тие можат пред тебе да го докажат она за што сега ме обвинуваат. 14#28,23Но ти признавам дека според учењето, кое тие го нарекуваат ерес, Му служам на Бога на нашите татковци, дека верувам во сѐ што е напишано во Законот и кај Пророците, 15#23,6; 26,6-8дека се надевам на Бога, дека ќе има воскресение на мртвите, на праведните и на неправедните, како што и тие самите очекуваат. 16#23,1; 2 Тим 1,3Затоа и сам се трудам секогаш да имам чиста совест пред Бога и пред луѓето. 17#11,29; 21,23-26По многу години дојдов да му донесам на мојот народ милостина и приноси. 18Тогаш, кога се бев очистил, ме најдоа во храмот, без да има народ или метеж; 19#21,27Но, имаше некои Јудејци од Азија, кои требаше да се претстават пред тебе и да ме обвинат, ако имаат нешто против мене. 20Или, пак, тие сами нека кажат дали во мене нашле некаква неправда, кога бев застанал пред Синедрионот, 21#23,6; 24,15освен за овие зборови, кои, стоејќи пред нив, гласно ги изговорив: ’Вие денес ме судите поради воскресението на мртвите.‘“ 22Кога го слушна тоа Феликс, тој го одложи делото, бидејќи добро знаеше за тоа учење, и рече: „Ќе го разгледам делото кога ќе дојде заповедникот Лисиј.“ 23И му заповеда на стотникот да го пази Павле, но да му дава извесна слобода, и да не запира никого од неговите блиски да му служат, или да доаѓаат кај него.
Павле пред Феликс и Друзила
24По неколку дена дојде Феликс со својата жена Друзила која беше Јудејка, па го повика Павле и слушаше од него за верата во Христос. 25#17,32; Мк 6,17-20А кога Павле зборуваше за правда, за воздржување и за идниот суд, Феликс се уплаши и одговори: „Сега оди си, а кога ќе најдам време, ќе те повикам.“ 26Притоа, се надеваше дека Павле ќе му даде пари за да го пушти; затоа често го повикуваше и разговараше со него. 27#12,3; 25,9Но кога изминаа две години, Феликс беше заменет од Порциј Фест. И бидејќи сакаше да им угоди на Јудејците, Феликс го остави Павле во окови.
Currently Selected:
Дела 24: MAK2023
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023