YouVersion Logo
Search Icon

Дела 23

23
1 # 24,16; 2 Кор 1,12 Павле го впери својот поглед кон Синедрионот и рече: „Браќа! Јас до овој ден со потполно чиста совест живеев пред Бога!“ 2#Јн 18,22-23А првосвештеникот Ананија им заповеда на оние што стоеја пред него, да го удрат по устата. 3#Мт 23,27Тогаш Павле му рече: „Бог ќе те удри тебе, ѕиду варосан! Ти седиш, за да ме осудиш според Законот, а заповедаш да ме удираат спротивно на Законот!“ 4А оние што стоеја пред него, рекоа: „Божјиот првосвештеник ли го навредуваш?“ 5#2 Мојс 22,28Павле одговори: „Не знаев, браќа, дека тој е првосвештеник; бидејќи е на­пишано: ’Не зборувај лошо за началникот на твојот народ.‘“ 6#Фил 3,5А кога Павле забележа дека еден дел од нив се садукеи, а другиот – фарисеи, из­вика во Синедрионот: „Луѓе, браќа! Јас сум фарисеј, син на фарисеј; поради надежта во воскресение на мртвите ми се суди!“ 7Кога го кажа тоа, настана расправија меѓу фарисеите и садукеите, и мноштвото народот се подели. 8#Мт 22,23Зашто садукеите велат дека нема ни воскресение, ни ангел, ни дух; а фарисе­ите сето тоа го признаваат. 9Настана голема врева; и книжниците од фарисејската страна станаа и почнаа да се препираат, велејќи: „Ниш­то лошо не наоѓаме кај овој човек; ако, пак, нему му зборувал дух или ангел, тогаш да не Му се противиме на Бога.“ 10И бидејќи настана голема ме­ша­ни­ца, заповедникот, уплашен да не го растргнат Павле, им заповеда на војниците да слезат и да го грабнат од нив и да го одведат во тврдината. 11#18,9; 28,16-31Наредната ноќ Господ застана до него и му рече: „Биди храбар, Павле! И како што све­дочеше за Мене во Ерусалим, така ќе треба да сведочиш и во Рим.“
Заговор на Јудејците против Павле
12 # 9,23-29; 25,3 А кога осамна, некои од Јудејците направија заговор и се заколнаа, велејќи дека ниту ќе јадат, ниту ќе пијат дури не го убијат Павле. 13А оние што ја направија оваа завера беа повеќе од четириесетмина. 14Па отидоа кај првосвештениците и старешините и рекоа: „Ветивме со клетва дека ништо нема да вкусиме додека не го убиеме Павле. 15Затоа сега, вие со Синедрионот, сооп­ште­те му на заповедникот да го доведе утре долу пред нас, небаре ќе сакате по­точно да го разгледате неговото дело; а ние, пред да наближи, ќе бидеме подготвени да го убиеме.“ 16Кога слушна за заседата синот на Павловата сестра, отиде, влезе во тврдината и му кажа на Павле. 17А Павле повика еден стотник и му рече: „Одведи го ова момче кај заповедникот, зашто има нешто да му каже.“ 18И тој го зеде, го одведе кај заповедникот и рече: „Затвореникот Павле ме повика и замоли ова момче да го дове­дам кај тебе, зашто имало нешто да ти каже.“ 19А заповедникот го фати за рака, го тргна настрана и го праша: „Што е тоа што имаш да ми го кажеш?“ 20А тоа рече: „Јудејците се договорија да те молат да го одведеш утре Павле долу пред Синедрионот, небаре ќе са­ка­ат поточно да го испитуваат нешто во врска со неговото дело. 21Но ти не им верувај, зашто ќе го демнат повеќе од чети­ри­есетмина од нив, што се заколнале дека ниту ќе јадат, ниту ќе пијат дури не го убијат; уште сега се подготвени, го чекаат само твоето ветување.“ 22Тогаш заповедникот го пушти момчето да си оди и му порача: „Никому не ка­жувај дека си ми го соопштил ова!“
Павле испратен кај управителот Феликс
23Потоа повика двајца стотници и рече: „Пригответе ми двесте војници, седумдесет коњаници и двесте стрелци, за да тргнат за Кесарија во третиот час#23,23 Околу 21 часот. ноќеска; 24и пригответе добиток, за да го качат Павле и безбедно да го одведат до управникот Феликс!“ 25Напиша и писмо со оваа содржина: 26„Клавдиј Лисиј испраќа поздрав до многупочитуваниот управник Феликс. 27Овој човек го беа фатиле Јудејците и сакаа да го убијат; јас пристигнав со војска и го избавив, бидејќи разбрав де­ка е римски граѓанин. 28И сакајќи да ја дознаам причината, поради која го обвинуваат, го изведов пред нивниот Синедрион, 29#18,15; 25,18-19и дознав дека го обвинуваат по пра­шања од нивниот Закон, но дека нема никаква вина, поради која би заслужил смрт или окови. 30#28,18; Лк 23,15А кога ми беше дојавено дека ќе има заговор од Јудејците против човекот, јас веднаш го пратив кај тебе, порачувајќи им и на обвинителите да кажат пред тебе што имаат против не­го. Остани со здравје!“ 31И така, војниците, според дадената им заповед, го зедоа Павле, и го одведоа ноќе во Антипатрида. 32Утредента тие се вратија во тврдината, а коњаниците ги оставија да одат со него. 33Тие, штом влегоа во Кесарија и му го предадоа писмото на управникот, му го претставија и Павле. 34#Лк 23,6Намесникот го прочита писмото и праша од која област е, и откако разбра дека е од Киликија, рече: 35„Ќе те сослушам, кога ќе дојдат и твоите обвинители.“ И заповеда да го чуваат во Иродовиот дворец.

Currently Selected:

Дела 23: MAK2023

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in