Дела 22
22
1„Луѓе, браќа и татковци! Послушајте ја сега мојата одбрана пред вас.“ 2А кога слушнаа дека им зборува на еврејски јазик, уште повеќе замолкнаа. Тогаш тој рече: 3#1 Лет 28,9; Гал 1,14; Фил 3,6„Јас сум Јудеец, родум од Тарс Киликиски, но воспитан во овој град при нозете на Гамалиил, поучен точно според Законот на татковците и ревнител за Бога, како што сте и сите вие денес. 4#8,3; 9,1-2; 1 Кор 15,9; Гал 1,13.23Јас до смрт ги гонев приврзаниците на тоа учење, врзувајќи и предавајќи во затвор и мажи и жени. 5#26,9-11За тоа можат да посведочат првосвештеникот и целото старешинство. Од нив примав и писма за браќата во Дамаск, каде одев за да ги доведам врзани во Ерусалим и оние кои беа таму, за да бидат казнети.
Павле раскажува за своето обраќање
(Дела 9,1-19; 26,12-18)
6Но, кога бев на пат и наближив кон Дамаск, околу пладне, одеднаш од небото ме осветли силна светлина. 7Јас паднав на земја и слушнав глас, кој ми зборуваше: ’Савле, Савле, зошто Ме гониш?‘ 8#2,22Јас, пак, одговорив: ’Кој си Ти, Господи?‘ А Тој ми рече: ’Јас сум Исус Назареецот, Кого ти Го гониш.‘ 9Оние, кои беа со мене, ја видоа светлината и се уплашија; но гласот на Оној, Кој ми зборуваше, не го слушнаа. 10Тогаш реков: ’Што да правам, Господи?‘, А Господ ми рече: ’Стани и оди во Дамаск, и таму ќе ти биде кажано сѐ, што ти е одредено да правиш.‘ 11И бидејќи од блесокот на таа светлина го изгубив видот, моите придружници ме поведоа за рака, и така ме одведоа во Дамаск. 12А некој Ананија, благочестив човек според Законот, докажан меѓу сите Јудејци во Дамаск, 13дојде кај мене, застана и ми рече: ’Брате Савле, прогледај!‘ И јас во истиот миг прогледав и го видов него. 14#3,14; 7,52; Гал 1,15 Тој ми рече: ’Бог на нашите татковци те определил да ја познаеш Неговата волја, да Го видиш Праведникот и да слушнеш глас од Неговата уста, 15зашто ќе Му бидеш сведок пред сите луѓе за она што си видел и слушнал. 16И сега, што одолговлекуваш? Стани, крсти се и измиј ги своите гревови, повикувајќи го името на Господ.‘
Павле раскажува како бил испратен кај незнабошците
17А кога се вратив во Ерусалим и се молев во храмот, токму кога бев во занес, 18Го видов како ми вели: ’Побрзај, излези од Ерусалим поскоро, зашто нема да го прифатат твоето сведоштво за Мене!‘ 19Јас, пак, одговорив: ’Господи, тие знаат дека јас ги затворав и претепував по синагогите оние што веруваа во Тебе; 20#7,58и кога се пролеваше крвта на Стефан, Твојот сведок, таму стоев и јас и го одобрував неговото убиство, пазејќи ги алиштата на оние што го убиваа.‘ 21#Ер 1,5И ми рече: ’Оди! Бидејќи Јас те праќам далеку – кај незнабошците.‘“
Павле и римскиот заповедник
22 #
21,36; 25,24 И сѐ до овој збор тие го слушаа, но потоа извикаа со силен глас: „Тргни го таквиот од земјата! Тој не треба да живее!“ 23И бидејќи тие викаа, мавтаа со своите алишта, та креваа прав во воздухот, 24заповедникот нареди да го водат во тврдината и порача да го испитуваат со камшикување, за да дознае зошто така викаат против него. 25#16,37Но, кога го растегнаа со ремења за да го камшикуваат, Павле му рече на стотникот, кој стоеше таму: „Зар ви е дозволено да камшикувате римски граѓанин, и тоа без пресуда?“ 26Кога го слушна тоа стотникот, отиде да го извести заповедникот, па му рече: „Што мислиш да правиш? Овој човек е римски граѓанин!“ 27Тогаш заповедникот се приближи до него и рече: „Кажи ми, римски граѓанин ли си?“ Тој одговори: „Да.“ 28А заповедникот рече: „Тоа граѓанско право јас сум го стекнал за многу големи пари.“ Павле, пак, рече: „А јас сум се родил како таков.“ 29И оние што сакаа да го испитуваат, веднаш отстапија од него. А заповедникот, кога дозна дека тој е римски граѓанин, се уплаши зашто го беше врзал.
Павле пред врховниот суд
30Утредента, кога сакаше да дознае за што всушност го обвинуваат Јудејците, го ослободи од оковите и заповеда да дојдат првосвештениците и целиот нивен Синедрион, па го доведе Павле долу и го постави пред нив.
Currently Selected:
Дела 22: MAK2023
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023