РУТА 3
3
ВОЗОВА ОДЛУКА
3:1-18
А. Ноемина ја советува Рута
1Тогаш Ноемина, нејзината свекрва, ѝ рече: „Ќерко моја, да ти побарам мирно место каде би можела да бидеш среќна? 2Гледаш, Воз, со чии трудбеници беше, е наш роднина. Еве, тој ќе вее ноќеска јачмен на гумното. 3Измиј се и намачкај се, облечи се убаво па отиди на гумното. Не оставај да те препознае пред да се најаде и напие. 4Кога ќе легне, види го местото каде ќе легне; па кога ќе легне, отиди таму, поткрени ја покривката од неговите нозе и легни таму! Тогаш тој ќе ти рече што треба да правиш.“ 5Таа ѝ одговори: „Ќе направам сѐ како што ми велиш.“
Рута го послушува Ноеминиот совет. Воз решува да дејствува
6И слезе на гумното и направи сѐ како што и повели свекрвата. 7А Воз, откако јадеше и пиеше, и така се развесели, отиде и легна покрај стогот. Таа пристапи полека, му ги откри нозете и легна. 8И околу полноќ, човекот се тргна и се заврте, и ете: жена лежи до неговите нозе. 9“Која си?“ - праша тој, а таа одговри: „Јас сум Рута, твојата слугинка. Рашири го скутот на твојата облека над твојата слугинка, зашто си ми старател.“ 10“Господ да те благослови, ќерко моја! - рече - ова твое добро дело што го направи сега е уште подобро од првото, зашто не отиде да бараш млади луѓе, ни богати ни бедни. 11И затоа, ќерко моја, не плаши се сега; ќе сторам сѐ за тебе што ќе побараш, зашто сите врати на мојот народ знаат дека си чесна жена. 12Да, навистина сум ти старател; но има уште поближен од мене. 13Остани ноќеска, ако утре тој, како старател, сака да те земе, добро, нека те земе; а ако нејќе, ќе те земам јас; жив Господ! Спиј до утрото!“
В. Рута се враќа при Ноемина
14И таа спиеше покрај неговите нозе до утрото. Тој стана пред да може човек човека да препознае, зашто мислеше: „Не треба да знаат дека жена била на гумно.“ 15И ѝ рече: „Дај ја наметката што е на тебе и држи ја добро.“ Таа ја придржа а тој ѝ тури шест мери јачмен, па ѝ ја поткрена. И таа отиде во градот. 16Кога стигна, свекрвата ја праша: „Што е со тебе ќерко моја?“ А таа ѝ раскажа сѐ што сторил човекот за неа. 17И додаде: „Овие шест мери јачмен ми ги даде, велејќи: ‘Не смееш да се вратиш при свекрвата со празни раце.’“ 18Таа ѝ рече: „Биди спокојна, ќерко моја, додека не видиш што ќе биде: зашто тој нема да има спокојство додека не докрајчи сѐ уште денес.“
Currently Selected:
РУТА 3: MKB
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.