YouVersion Logo
Search Icon

ПСАЛМИ 33

33
Фала на Сѐсилниот Бог
1. Советување за фалење на Бога
Давидов псалм.
1Радувајте се праведници во Господа! на праведните им личи да Го прославуваат. 2Славете Го Господа со харфа, величајте Го на псалтир со десет жици! 3Запејте Му нова песна, со гласни извици придружувајте ги складните свирки.
2. Причини за фалење на Бога
а. Господ - Творец
4Зашто Господовото Слово е право, и сите Негови дела се вистина. 5Тој ги љуби правдата и правосудството, полна е земјата со Господовата милост.
6Господовото Слово ги создаде небесата, и здивот на Неговата уста: целото нивно воинство. 7Тој ја собира морската вода како во мев, и ги става бездните во сокровиште. 8Нека се бои целата земја пред Господа, нека се бојат од Него сите жители на вселената! 9Зашто Тој рече - и сѐ стана, нареди - и сѐ се утврди.
б. Господ - Промислител
10Господ ги осуетува намерите на народите, ги прави некорисни мислите на племињата, 11Господовиот наум останува довека, и мислите на Неговото срце од род до род. 12Блазе му на оној народ кому Господ е Бог, на народот што го избра за Свое наследство.
13Господ набљудува од небесата и ги гледа сите човечки синови. 14Од местото на Своето Живеалиште ги гледа сите жители на земјата; 15Тој им ги создаде срцата на сите и внимава на сите нивни дела. 16Многубројна војска не го спасува царот, голема сила не го спасува јунакот. 17Празна е надежта за спасение на коњ, неговата јачина не избавува.
18Ете, Господовото око е над оние кои се бојат од Него, над оние, кои се надеваат на Неговата милост: 19дека ќе ја спаси нивната душа од смрт, и дека ќе ги храни во денови на глад. 20Нашата душа се надева на Господа, Тој ни е помош и наш штит. 21Наштето срце се радува во Него, ние се надеваме на Неговото свето име. 22Нека Твојата милост, о Господи, биде над нас, според тоа како се надеваме на Тебе.

Currently Selected:

ПСАЛМИ 33: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in