ПСАЛМИ 32
32
Покајнички псалм
1. Радост од проштевање
Давидов псалм. Учење.
1Блажен е оној, чие беззаконие е простено, и чии гревови се покриени. 2Блазе на човекот кому Господ не му го припишува гревот и во чиј дух нема измама!
2. Исповедан и простен грев
3Кога молчев, моите коски се исушија од моето офкање преку целиот ден. 4Дење и ноќе, Твојата рака тежеше врз мене, мојата животна влага се претвори во летен припек. 5Тогаш го признав својот грев пред Тебе и својата вина веќе не ја криев. Реков: „Ќе му го признам на Господа својот престап,“ и Ти ми ја прости вината на мојот грев. 6Затоа нека ти се моли секој побожник, кога можеш да бидеш најден; и тогаш потопот на многуте води нема да стигне до него. 7Ти си мое прибежиште, Ти ќе ме запазиш од тага, ќе ме опкружиш со радоста на спасението.
3. Советување грешник да се покае
8„Ќе те учам, ќе ти го покажам патот по кој треба да одиш, ќе те советувам, Моето око ќе бдее над тебе. 9Не бидете како коњ или мазга без разум; чија дивина ја скротуваш со оглавник и узда, инаку не би се приближиле до тебе!“
10Безбожникот го измачуваат многу неволји, а кој се надева на Господа, него милост го опкружува. 11Веселете се во Господа и радувајте се, праведници, викајте радосно сите кои сте со право срце.
Currently Selected:
ПСАЛМИ 32: MKB
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.