YouVersion Logo
Search Icon

БРОЕВИ 30

30
Закони за заветувања
1Потоа Мојсеј им рече на началниците на Израелевите колена: „Господ го заповеда ова: 2Ако некој човек направи завет или ако се обврзе со заклетва дека ќе се одрече од нешто; нека не ги нарушува своите зборови; нека исполни сѐ што излегло од неговата уста! 3Ако некоја жена Му направи завет на Господа и ако се обврзе дека ќе се откаже од нешто уште додека е млада, во татковиот дом, 4а татко ѝ научи за заветот и за ветувањата со кои се обврзала па не ѝ рече ништо, тогаш се полноважни сите нејзини завети и полноважно е секое нејзино ветување со кое се обврзала. 5Но ако татко ѝ, кога ќе чуе, ѝ забрани - никаков нејзин завет, ни нејзиното ветување со кое се обврзала, нема важност. Господ ќе ѝ прости, зашто татко ѝ ѝ забранил. 6Ако се омажи додека е под своите завети или под ветувањето што излезе непромислено од нејзината уста, 7па ако нејзинот маж научи и откако научи ако не ѝ рече ништо, тогаш се полноважни нејзините завети и полноважни се ветувањата со кои се обврзала. 8Но ако нејзиниот маж ѝ забрани, кога ќе чуе за тоа, со тоа се укинуваат нејзиниот завет и ветувањето што излезе непромислено од нејзината уста. И Господ ќе ѝ прости. 9А завет на вдовица, или на разведена жена, и сите обврски што ги презела врз себе, важат за неа. 10Ако се заветува или обврзе на ветување со заклетва додека е во куќата на својот маж, 11па ако нејзиниот маж чуе и ништо не ѝ рече, ако не ѝ забрани, полноважен е секој нејзин завет и полноважно е секое нејзино ветување со кое се обврзала. 12Но ако нејзиниот маж ги прогласи за неважечки, кога ќе научи за нив, тогаш ништо што излезе од нејзината уста, нејзините завети или преземените обврски, немаат важност. Нејзиниот маж ги поништи, и Господ ќе ѝ прости. 13Секој завет и секое заклетвено заречување, за смирување на душата, нејзиниот маж може да ги потврди или да ги поништи. 14Ако мажот не ѝ рече ништо, од ден во ден, со тоа ги потврдува сите нејзини завети и сите нејзини ветувања со кои се обврзала; тој ги направил полноважни, зашто не рекол ништо кога чул за нив. 15Но ако ги поништи после, откако веќе чул за нив, тогаш тој ќе го носи нејзиниот грев.“ 16Тоа се повелбите што Господ му ги заповеда на Мојсеја за односите меѓу мажот и неговата жена и меѓу таткото и неговата ќерка, која - уште млада - живее во татковиот дом.

Currently Selected:

БРОЕВИ 30: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in