ЈОВ 28
28
в. Каде и како да се најде вистинска мудрост
1Да, среброто има свое наоѓалиште, а златото место каде се прочистува. 2Железната руда се вади од земјата, а од камена рудница се топи бакар. 3Луѓето ѝ поставуваат граница на темнината и копаат до најголемите длабочини, по камен закопан во мрак. 4Далеку во туѓина длаби ровови, до кои не допира човечката нога, виси, нишајќи се, далеку од луѓето. 5Крилото на земјата, од кое ни никнува лебот, сето е раскопано како од оган. 6Нејзините карпи се сокровиште на сафир, златен прав се крие во нив. 7Грабливите птици не ги знаат тие патишта, соколовото око не ги забележува. 8Дивите ѕверови не стапнаа на нив, ниту пак некогаш лавот помина по нив. 9Но човек крева рака против каменот, и ги превртува планините од корен. 10Засечува премини низ камен, неговото око забележува сѐ скапоцено. 11Тој го запира текот на водните жили; засолнати работи изнесува на видело. 12Но, од каде ни доаѓа Мудроста? Во кое место престојува Разумот? 13Човекот не знае нејзиниот цена, не ја открија во земјата на живите. 14Бездната зборува: „Ја нема во мене!“ А морето: „Не се наоѓа кај мене!“ 15Не може да биде купена со чисто злато, ниту да се измери со сребро нејзината цена. 16Не се мери таа со офирско злато, ни со скапиот оникс па ни со сафир. 17Не се споредува со злато, со кристал, ниту се дава за сад од чисто злато. 18Зошто да се спомнува кристалот, коралот, подобро е да стекне Мудрост отколку бисери. 19Што е спрема неа етиопскиот топаз, не се преценува ни со чисто злато. 20Но, од каде ни доаѓа Мудроста? Во кое место престојува Разумот? 21Скриена е за очите на сите живи, таа им избегнува на небесните птици. 22Пеколната пропаст и смртта изјавуваат: „Ние само чувме за нејзината слава.“ 23Единствено Господ го разбира нејзиниот пат, единствено Тој знае каде се наоѓа. 24Зашто со поглед ги опфаќа границите на земјата и забележува сѐ под небесниот свод. 25Кога сакаше да му одреди тежина на ветерот и со мерилка да ја измери сета вода, 26кога му наметна закони на дождот и патишта на громовните облаци, 27тогаш ја виде и ја измери, ја зацврсти и ја испита до дното. 28А потоа му рече на човекот: „Стравот од Господа - ете што е мудрост, „Отстранувај се од злото“ - тоа ти е разумност.“
Currently Selected:
ЈОВ 28: MKB
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.