YouVersion Logo
Search Icon

ЈОВ 27

27
5. Последен Јовов одговор на пријателите
а. Тој потврдува дека зборува вистина
1Јов ја продолжи својата беседа и рече: 2„Жив е Бог, Кој ми ја скратува правдата, и Сѐдржителот, Кој ми ја огорчи душата. 3Сѐ додека мојот дух е уште во мене, додека Божјиот здив биде во моите носалки, 4Моите усни нема да изустат зло, ниту некаква лага ќе дојде на мојот јазик. 5Далеку од мене да ве оправдам, својата невиност ќе ја бранам до последниот здив. 6Јас се држам за својата правда, нема да ја оставам; моето срце нема да ме кори заради моите денови.
б. Јовова одвратност кон безбожник
7Нека го најде мојот непријател кобта на безбожникот, а мојот противник - судбината на беззаконикот! 8Зашто на што може да се надева кога се моли покорно и кога ја вознесува својата душа кон Бога? 9Ќе ги чуе ли Бог неговите крици, кога неволјата ќе се нафрли врз него? 10Зар ќе се радува тој во Сѐдржителот? Зар ќе го повикува Бога во секое време? 11Но јас ќе ви ја покажам Божјата рака и нема да ви ги скријам намерите на Сѐдржителот. 12Ете, сами можевте да го видите сѐ тоа, зошто тогаш се губите во празнина?“ 13Оваа судбина Господ ја одредува на беззаконикот, ова наследува силникот од Сѐдржителот. 14Има ли многу синови, меч ги чека, а неговиот пород не ќе има доста леб. 15Смртта ќе ги погребе неговите преживеани, и вдовиците не ќе ги оплачуваат. 16Ако натрупа и сребро како прав, ако насобере и облеки како кал, 17нека ги собира, праведник ќе ги облече, невини луѓе ќе го разделат среброто. 18Изградил куќа од пајажина, колипче какво прави за себеси полјакот. 19Легна богат, но за последен пат; кога ги отвори очите, ништо веќе нема. 20Ужас го опфаќа среде бел ден, ноќе, бура го грабна и го однесе. 21Источниот ветер го крена и го одвлече, бурата го фрла далеку од неговото место. 22Без милост мавта со него насекаде, додека овој се обидува да му избега од раката. 23Плескаат со раце над неговата пропаст, го исвиркуваат каде и да дојде.

Currently Selected:

ЈОВ 27: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in