YouVersion Logo
Search Icon

ИСАИЈА 54

54
5. Благословување на Израел преку Господов Слуга
а. Умножување и ширење на Израел
1„Воскликнувај неротко, која не си раѓала; подвикнувај од радост, ти што не знаеш за породилните болки! Зашто осамената има повеќе деца отколку омажената,“ вели Господ. 2„Рашири го просторот на својот шатор распростри го, не штеди го платното на своето живеалиште, продолжи му ги јажињата, зацврсти ги колчињата, 3зашто ќе се прошириш десно и лево. Твоето потомство ќе завладее над народите, и ќе ги насели запустените градови.
б. Господ - Израелев Сопруг и Искупител
4Не бој се, нема да се посрамиш, не срами се, не ќе црвенееш. Ќе го заборавиш срамот на својата младост и веќе нема да си спомнуваш за подбивот на своето вдовство. 5Зашто сопруг ти е твојот Творец, името Му е Господ над Воинствата, твој Искупител е Израелевиот Светец, Тој се вика Бог на целата земја. 6Да, како оставена жена, натажена во душата, Господ те повика. Не смее да се отпушти жената на својата младост,“ говори твојот Бог. 7„Те оставив тебе за краток миг, но пак ќе те прегрнам со голема милост. 8При изблик на гнев, за миг го скрив Своето лице од тебе, но ти се смилував со вечна љубов, зборува Господ твојот Искупител.
в. Ветување за безусловна Божја милост
9Ќе ми биде како за време на Ноевите денови, кога се заколнав дека Ноевите води нема да ја преплават веќе земјата; така се заколнувам дека веќе нема да се срдам на тебе ниту ќе ти се заканувам. 10Нека се раздвижат планините и нека се потресат бреговите, но Мојата љубов нема да се повлече од тебе, ниту ќе се расколеба Мојот Завет на мирот,“ вели Господ Кој ти се смилува.
г. Нов Ерусалим
11„О неволнице, виорена од виор, неутешлива, ете, ќе ги поставам врз смарагд твоите камења и врз сапфир твоите основи. 12Ќе ги направам од рубин твоите стражарници, твојата врата од проѕирен бесценет камен, твоите огради од скапоцен камен. 13Сите Господови синови ќе ти бидат ученици, и голема ќе биде среќата на твоите деца. 14Ќе бидеш основана на правда. Отфрли ја тешкотијата, нема од што да се боиш, отфрли го стравот, зашто нема да ти се доближи. 15Ако те нападне, нема да дојде од Мене; кој ќе се дигне против тебе, заради тебе ќе падне. 16Ете, Јас го создадов ковачот кој ја разгорува жарта и вади од неа орудие за да го кове. Но го создадов и уништувачот за да уништува. 17Не ќе успее оружјето исковано против тебе. Ќе докажеш дека е зол секој јазик што ќе се подигне против тебе на суд. Тоа е наследство на Господовите слуги, тоа им е победа од Мене“ - слово е Господово.

Currently Selected:

ИСАИЈА 54: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in