YouVersion Logo
Search Icon

ИСАИЈА 53

53
б. Господов Слуга: презрен и отфрлен
1„Кој да му поверува на она што ни е објавено, кому му се откри Господовата рака?“ 2Израсте пред Него како нежно стебло, како корен од сува земја. Немаше на Него ни убавина ни блесок за да би сме се загледале во Него, ни милозливост за да би ни се допаднал. 3Беше презрен, отфрлен од луѓето, човек на болката, свикнат на страдањата, од Кого секој го отстранува лицето, беше презрен, и за ништо го сметавме.
в. Слуга во Божји очи: полна победа и слава
4А Тој ги понесе нашите болести, ги зеде врз себе нашите болки, додека ние сметавме дека Бог Го бие и Го понижува. 5За нашите престапи беше прободен, сотрен, за нашите беззаконија. Казната за нашиот мир падна врз Него, преку Неговите рани ние се исцеливме. 6Сите скитавме како овци, и секој одеше по својот пат. А Господ ги возложи на Него беззаконијата на сите нас.
г. Негова смрт во човечки очи: неуспех и пораз
7Го измачуваа, а Тој оставаше, и не ја отвори Својата уста. Го одведоа како јагне на колење; како овца нема, пред оние што ја стрижат, не ја отвори Својата уста. 8Со сила и со суд се ослободија од Него, и кој ќе го искаже Неговиот род? Да, од земјата на живите го отстранија Него, за гревовите на Неговиот народ, го ранија на смрт. 9Му го одредија погребението меѓу злочинците, а Неговиот гроб беше при богатите, иако не направи неправда, ниту пак устата Му изусти лага.
д. Негова смрт во Божји очи: полна победа и слава
10Но на Господа му беше угодно да Го порази, и Тој Го предаде Него на мачење; кога го жртвува Својот живот како принос за грев, ќе види потомство, ќе ги продолжи своите денови, и Господовата волја ќе се исполни преку Него. 11Заради страдањата на Својата душа ќе види светлина и ќе се насити со нејзиното сознавање. Мојот праведен Слуга ќе оправда мнозина и нивната вина ќе ја земе на Себе. 12Затоа ќе Му дадам мноштво во наследство, и со силните ќе го дели пленот, зашто Сам се понуди на смрт и беше вброен меѓу злосторниците, за да ги понесе гревовите на мнозина на Себе и за да се заземе за злочинците.

Currently Selected:

ИСАИЈА 53: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in