2 ЛЕТОПИСИ 31
31
3. Други промени во Езекија
а. Разурнување на високи места и на жртвеници
1Кога сврши сѐ тоа, сите Израелеви синови, кои се најдоа таму, навлегоа по јудејските градови та ги кршеа столбовите ги сечеа ашерите и ги оборуваа високите места и жртвениците по сето Јудино, Венијаминово, Ефремово и Манасиево племе додека не завршија. Тогаш сите Израелеви синови се вратија секој на својот имот, во своите градови.
б. Распределување на свештеници и левити
2Езекија пак ги среди свештеничките и левитските редови, секого според неговата служба, свештениците и левитите, за палениците и за помирителните жртви, за да служат, за да Го слават и да Го фалат Господа пред вратите на Господовиот стан. 3Одреди царски придонес од својот имот за палениците, за утринските и вечерните паленици и за палениците што се принесуваат во сабота, при млада месечина и на празници, како што е напишано во Господовиот Закон. 4Му заповеда на народот, на ерусалимските жители, да им даваат дел на свештениците и на левитите, за да се зајакнат во Господовиот Закон. 5Кога се разгласи тоа, Израелевите синови почнаа да донесуваат првини жито, ново вино, масло и мед, и секаков полски плод, и донесуваа изобилни десетини од сѐ. Израелевите и Јудините синови, кои живееја во јудејските градови, исто така донесуваа десетина од говедата и од ситниот добиток и десетина од светите работи, посветени на Господа, нивниот Бог; донесуваа и даваа сѐ куп врз куп. 7Во третиот месец почнаа да прават купови, а во седмиот месец завршија. 8Тогаш Езекија дојде, со кнезовите и откако ги здогледа куповите, ги благословија Господа и неговиот израелски народ. 9Потоа Езекија се распраша кај свештениците и левитите за куповите. 10Одговарајќи, свештеничкиот главатар Азариј, од Садоковиот дом, рече: „Откако почнаа да ги донесуваат овие приноси во Господовиот Дом, јадеме и сме сити а многу и остана, зашто Господ го благослови Својот народ, та го има во изобилие ова множество.“ 11Тогаш Езекија заповеда да се подредат собите во Господовиот Дом, кога ги подготвија, 12почнаа да ги внесуваат таму приносите десетините и светините; над тоа беа настојници левитот Хонаниј и брат му Симеј, втор од него. 13А Ехил, Азазиј, Нахат, Асил, Јеримо Јозавед, Елиел, Исмахиј, Мат и Бенај беа настојници покрај Хонаниј и брата му Симеј, по налог на царот Езекија и Азариј, старешината во Божјиот Дом. 14Кореј, син на левитот Емна, вратар на источната врата, беше над доброволните Божји приноси, за да ги раздава Господовите приноси, и најважните од посветените работи. 15Под нив беа Еден, Минијамин, Исус, Семај, Амариј и Сеханиј по свештеничките градови, за да им делат совесно на своите според нивните редови, како на големиот така и на малиот, 16освен машките постари од триесет години запишани во родовниците - на сите кои доаѓаа во Господовиот Дом на својата секојдневна работа, за нивните служења, за нивните должности по нивните редови. 17Во родовниците беа внесени свештениците според нивните поколенија и левитите од дваесет години нагоре според нивните служби, по нивните редови. 18Во родословниците беа внесени сите нивни деца, нивни жени, нивни синови и нивни ќерки, во сиот собор, зашто им се посветија искрено на светините. 19Ароновите синови, свештениците на полските пасишта на своите градови, во секој одделен град, беа одредени по име, за да му даваат дел на секое машко меѓу свештениците. Левитите ги составија сите родословници.
в. Езекиева верност
20Езекија направи така по сета Јудеја, извршувајќи што е добро право и вистинско пред Господа, својот Бог. 21Во секоја работа што ја почнувал за служба во Божјиот Дом и во законот и во заповедите, барајќи го Бога, се трудеше со сето свое срце и успеваше.
Currently Selected:
2 ЛЕТОПИСИ 31: MKB
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.