1 ЛЕТОПИСИ 9
9
Н. Жители на Ерусалим и на Гаваон
1Сите Израелци беа запишани во племенските родословници, а запишани се и во книжниот свиток на израелските цареви. А Јудејците заради беззаконија беа одведени на заточение во Вавилон. 2Први жители на свој имот и во свои градови беа Израелците, свештениците, левитите и Нетинците. 3Во Ерусалим живееја луѓе од Јудините синови, од Венијаминовите синови, од Ефремовите синови и од Манасиевите синови, и тоа: 4Гутај, синот на Амијуд, син на Амриј, син на Имриј, син на Вениј, првенец, со своите синови. 6Од Зериевите синови: Јеуил и неговите браќа, шест стотини и девеесет. 7Од Венијаминовите синови Салуј, синот на Месулам, син на Одуј, Асенуинин син; 8Евниј, Јеровоамов син, и Ила, синот на Озиј, син на Махриј, и Месулам, син на Сефатиј, син на Рагуил, син Ивниин, 9Имаа по своите родови девет стотини педесет и шест браќа. Сите тие беа главатари, секој на својот род.
10Од свештениците: Едај, Јојарив и Јахин, 11Азариј, синот Хелкиев, син на Месулам, син на Садок, син на Мерајот, син Ахитов, настојник во Божјиот Дом. 12Адај, син Јеровоамов, син на Пасхор, син на Малхиј, син на Масај, син на Адил, син на Јазир, син на Месулам, син на Месилемит, син Имиров. 13Нивните браќа, глави на семејства, борци кои извршуваа служба во Божјиот Дом, беа илјада осум стотини и шеесет.
14Од левитот Семај, синот Асув, син на Азрикам, син на Асавиј, меѓу Мерариевите синови; 15Ваквакар, Ерес, Галал и Матаниј, син на Миха, син на Зихриј, синот Асафов; 16Овадиј, син на Семај, син на Галал, син Едутунов, и Варахиј, синот на Аса, Елканиниот син, кој живееше во Нетофатските Села.
17Вратари: Салум, Акув, Талмон и Ахиман, и нивните браќа; Салум беше главатар; 18и досега беше при царската врата кон исток. Тие беа вратари по четири на левитите. 19Салум, синот Кореев, син на Евијасаф, син на Кореј, со своите браќа Кореевците од нивните семејства, беа одговорни за богослужбата; тие ги чуваа праговите на Шаторот, додека нивните татковци го чуваа влезот во Господовиот Стан. 20Елеазаровиот син Финес некогаш беше настојник над нив (Господ беше со него!). 21Меселемииниот син Захариј беше вратар при вратата на Шаторот на средбата. 22Сите одбрани вратари на праговите беа двеста и дванаесет. Беа запишани во родословниците на своите села. На служба ги поставија Давид и гледачот Самоил заради нивната верност. 23Тие и нивните синови чуваа стража при вратите на Господовиот Дом, Домот на Шаторот. 24Вратарите стоеја на четири страни: на исток, на запад, на север и на југ. 25Нивните браќа од по селата доаѓаа одвреме навреме за да им се придружат по седум денови. 26Само четири вратарски настојници беа постојано во служба. Беа левити, поставени над собите и над ризниците на Божјиот Дом. 27Ноќеваа околу Божјиот Дом, зашто должноста им беше да стражарат и да отклучуваат секое утро.
28Некои од нив беа одговорни за богослужбените посатки. Ги пребројуваа кога ги внесуваа и кога ги изнесуваа. 29Некои од нив се грижеа за покуќнината, за сите посветени работи, за чистото брашно, за виното, за маслото, за темјанот и за мирисите; 30а некои од свештеничките синови правеа маст од тие мириси. 31Мататиј, еден од левитите, првенец на Салум Кореецот, се грижеше за работите што се печеа во сад за пржење. 32Некои од Каатовците, од нивните браќа, беа одговорни за лебовите што се поставуваа секоја сабота. 33Тие беа и пејачи, главатари на левитските семејства. Кога беа слободни живееја во храмските соби, зашто беа на должност дење и ноќе. 34Тоа беа главатари на левитските семејства според своето сродство. Тие главатари живееја во Ерусалим.
Њ. Саулово потомство
35Во Гаваон живееја: Гаваоновиот татко Ехил, на чија жена името ѝ беше Мака. 36Син првенец му беше Авдон, па Сур, Ис, Вал, Нир, Надав, 37Гедор, Ахиј, Захариј и Миклот. 38На Миклота му се роди Симеам. И тие живееја во Ерусалим, со своите браќа. 39На Нира му се роди Кис; а на Кис му се роди Саул; на Саула му се роди Јонатан, Малхи-Суј, Авинадав и Есвал. 40Јонатанов син беше Мери-Вал. На Мери-Вала му се роди Миха. 41Михини синови беа: Фитон, Мелех, Тереј и Ахаз. 42На Ахаза му се роди Јара; на Јара му се родија Алемет, Азмавет и Зимриј; на Зимрија му се роди Моса. 43На Моса му се роди Винеј; негов син беше Рафај, негов син Елеас, негов син Асил. 44Асил имаше шест синови, на кои имињата им се: Азрикам, Вохеруј, Исмаил, Сеариј, Овадиј и Анан; тоа се Асилови синови.
Currently Selected:
1 ЛЕТОПИСИ 9: MKB
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.