1 ЛЕТОПИСИ 10
10
ДАВИДОВО ЦАРУВАЊЕ
10:1-29:30
А. Саулови дни и смрт
1Филистејците завојуваа против Израелците. Израелците избегаа пред нив и паѓаа убивани по гората Гелвуј. 2Филистејците ги притиснаа Саула и неговите синови, и ги погубија Сауловите синови Јонатана, Авинадава и Мелхи-Суа. 3Бојот стана пожесток околу Саула. Го изненадија стрелци со лакови, и тој падна ранет од стрелците. 4Тогаш Саул му рече на својот оруженосец: „Извлечи го својот меч и прободи ме, за да не дојдат тие необрежанци и за да не ми се наругаат.“ Ама неговиот оруженосец се исплаши и не сакаше да го направи тоа. Затоа Саул го зеде мечот и се фрли врз него. 5Кога оруженосецот виде дека Саул почина, и тој се фрли врз својот меч и умре. 6Така во оној ден загинаа заедно Саул, неговите три сина и сиот негов дом. 7Кога сите Израелци, кои беа во долината, видоа дека Израелевите синови избегаа и дека загина Саул со синовите, ги оставија своите градови и се разбегаа. Филистејците дојдоа и се населија во нив. 8Кога утреден Филистејците дојдоа за да ги ограбат убиените, ги најдоа Саула со неговите синови каде лежат мртви на гората Гелвуј. 9Откако го соблекоа, му ги зедоа главата и оружјето та ги испратија по Филистејската Земја наоколу јавувајќи им ја веста на своите идоли и на народот. 10Потоа оружјето го ставија во храмот на својот бог, а черепот му го изложија во Дагоновиот храм. 11Кога слушнаа сите во Галадскиот Јавис што направија Филистејците со Саула, 12станаа сите храбри луѓе и ги зедоа Сауловото мртво тело и телата на неговите синови и, откако ги донесоа во Јавис, ги погребаа нивните коски под дабот во Јавис; и постеа седум дена. 13Така загина Саул за своето беззаконие, кое го направи пред Господа: не ги пазеше Господовите заповеди, и врз тоа ја праша за совет бајачката, 14а не Го праша Господа; затоа го уби и го пренесе царството на Јесеевиот син Давид.
Currently Selected:
1 ЛЕТОПИСИ 10: MKB
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.