Исход 34
34
Нови плочи на Законот. Јавување на Бога. Обновување на Заветот. Мојсеевото лице зрачи.
1И му рече Господ на Мојсеја: »Изделкај за себе две плочи од камен, како што беа првите, и искачи се кај Мене на планината, а Јас ќе ги напишам на плочите зборовите, кои беа на првите плочи, што ти ги скрши.
2И биди готов за утре, и качи се горе на планината Синај, и застани пред Мене, на врвот од планината.
3Но никој нека не се искачува со тебе, ниту да се појавува по целата планина; дури ни овци ни говида да не пасат близу планинава.«
4И изделка две плочи од камен, како што беа првите, и стана порано Мојсеј утредента рано, па се искачи на планината Синај, како што му заповеда Господ: и ги зеде со себе двете камени плочи.
5А Господ слезе во облак, и застана пред Него, и го возгласи името Господово.
6Потоа помина Господ покрај лицето негово и извика: »Господ, Господ, Бог штедар и милостив, долготрпелив, многумилостив и вистински!
7Кој ја чува правдата и покажува милост на илјадници, Кој проштава беззаконија, неправди и гревови, Кој виновни не очистува, Кој за гревовите на татковците ги казнува децата – дури и внуците до третото и четвртото колено.«
8А Мојсеј побрза, падна наземи и се поклони на Бога;
9и рече: »Ако сум нашол милост пред Тебе, Господи, нека оди Господ мој со нас, бидејќи овој народ е тврдоглав; прости ни ги гревовите наши и беззаконијата наши и ќе бидеме Твои.«
10Му одговори Бог на Мојсеја: »Еве ти поставувам завет тебе: пред целиот народ твој ќе извршам чудеса какви што не биле направени по целата замја и при ниеден народ; и ќе ги видиш сите луѓе, меѓу кои си и ти, дека се чудесни што ќе ти ги направам тебе.
11Пази го си она, што ти го заповедам тебе; еве, Јас ќе ги изгонам пред лицето ваше Аморејците, и Хананејците, и Хетејците, и Ферезејците, и Евејците и Евусејците;
12внимавај да не се сојузуваш со оние, кои живеат во земјата, во која ќе влезеш, да не станат соблазни за вас,
13туку жртвениците нивни урнете ги, и идолите нивни скршете ги; и излеаните богови нивни во оган изгорете ги.
14И не клањајте се на други богови освен на Господа, бидејќи името Негови е ревниво; Он е Бог ревнител.
15Не стапувај во сојуз со жителите на таа земја, та, кога ќе се оддаваат на блуд за своите богови и им принесутваат жртва, да не то поканат и тебе да јадеш од нивите жртви.
16И не земај им од ќерките нивни жени за своите синови, ниту од ќерките свои за нивните синови, та да ни би и ќерките твои, вршејќи блуд за боговите ниви, да ги натераат и синовите твои на блуд за боговите нивни.
17Не прави за себе лиени богови!
18Пази го празникот Бесквасници: седум дена јади бесквасен леб, како што ти заповедав, во определено време во месецот авив, зашто во тој месец си излегол од земјата Египетска.
19Сѐ што отвора утроба, Мое е, како и секое првородено од говедата твои, и секое провородено од овците.
20Но првороденото од ослите замени го со овца; ако не го замениш, тогаш откупи го; а секое првородено меѓу синовите твои, откупи го; да не се појавуваш пред Мене празен.
21Шест дена работи, а во седмиот ден отпочини се: и од орањето и од жнеењето отпочини;
22установи празник на седмиците и празник преку летото;
23трипати во годината секое машко меѓу вас да се јавува пред Господа Бога Израилев,
24кога Јас ќе ги истерам народите од пред тебе, и ќе ги проширам границите твои, и никој нема да ја пожела земјата твоја, ако се јавуваш пред лицето на Господа, твојот Бог, трипати во годината.
25Немој да ја мешаш крвта со жртвите Мои на квасен леб, и жртвата за празникот Пасха да не преноќева до изутрина.
26Првите плодови од првиот род на земјата твоја принесувај ги во домот на Господа, твојот Бог; немој да вариш јагне во млекото од мајката негова!«
27А му рече уште Господ на Мојсеја: »Напиши ги за себе овие зборови, зашто со тие зборови склучувам завет со тебе и со Израилот.«
28И остана Мојсеј таму пред Господа четириесет дена и четириесет ноќи, на јадејќи леб и не пијќи вода; и ги напиша врз плочите зборовите на Заветот, Десетте заповеди.
29Кога Мојсеј слезе од планината Синајска, ги држеше во рацете свои двете плочи, но слегувајќи од планината, Мојсеј не знаеше дека кожата на лицито му зрачи кога Бог разговараше со Него.
30И бидејќи Арон и сите синови Израилеви го видоа Мојсеја дека лицето му зрачи, се плашеа да се приближат до него.
31Но Мојсеј ги повика, и тие пристапија кон него, Арон и сите поглавари на народот, и Мојсеј говореше со нив.
32Потоа дојдоа кај него сите синови Израилеви, и тој им заповеда си што му рече Господ на планината Синај.
33А кога Мојсеј престана да зборува со нив, го покри сицето свое со покривало.
34Но кога Мојсеј излегуваше пред лицето на Господа, за да зборува со него, го креваше покривалото, додека не излезеше; а штом ќе излезеше, им кажуваше на синовите Израилеви сѐ што му беше заповедал.
35Тогаш синовите Израилеви го гледаа лицето Мојсеево како зрачи; Мојсеј, пак, го покриваше лицето свое со покривало додека пак не влезеше да зборува со Него.
Currently Selected:
Исход 34: MK1990
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016