Исход 30
30
Жртвеник за кадење, свет данок, мијалник од бакар, елеј за помазание и кадиво.
1»Направи и жртвеник за кадење, од дрвото ситим направи го:
2должината нека му биде лакот, а ширината лакот, четвороаголен да биде, и два лакта висок; од него нека излегуваат роговите негови;
3позлати го со чисто злато огништето негово одозгора, од страните наоколу, и роговите негови; направи му плетен венец и златен наоколку;
4под венецот на двата агли негови направи и две алки од чисто злато на обата агла; низ нив проври лостови, за да може да се носи;
5лостовите направи ги од дрвото ситим, и позлати ги со злато.
6Па стави го спреме завесата, која виси пред ковчегот на сведоштвото, од каде што ќе ти се јавувам тебе.
7А Арон нека кади на него со кадиво направено благопријатно; нека кади над него, кога ја приготвува кадилницата.
8И кога ќе ги пали Арон кандилата навечер, нека кади над него; нека има постојано кадење пред Господа во поколенијата нивни.
9Не принесувај над него никакво друго кадиво, ни жртви, ниту приноси, ни преливање не изливајте над него.
10Арон еднаш во годината нека врши очистување над роговите негови; со жртва за очистување на гревовите негови; со жртва за очистување на гревовите нека се врши очистување во поколенијата нивни, зашто тоа е свјатаја пред Господа.«
11И уште му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
12»Кога ќе ги пребројуваш синовите Израилеви, при вршење преглед, секој нека даде на Господа откуп за душата своја, при нивниот преглед, и нема да има недостаток;
13а ова е, оние што ќе доаѓаат за пребројување нека даваат по половина дидрахма, според светата дидрахма: во таа дидрахма има дваесет обалии; а половината дидрахма е принос на Господа.
14Сите што доаѓааат на пребројување, а имаат по дваесет години и нагоре, треба да даваат прнос на Господа.
15богатити да не дава повеќе, а сиромавиот да не дава помалку од половина дидрахма, кога даваат принос на Господа кога се молите за откуп на душите ваши.
16А, откако ќе го собереш откупеното сребро од синовите Израилеви, употребувај го за оддржување на скинијата на сведоштвото. Тоа ќе им биде на синовите Израилеви спомен пред Господа за откуп кога се молите за душите ваши!«
17И уште му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
18»Направи и мијалник од бакар и подножјето негово нека е од бакар, за миење; постави го меѓу скинијата на сведоштвото и жртвеникот и налеј вода во него;
19и Арон и синовите негови од него нека ги мијат рацете свои и нозете свои со вода;
20кога влегуваат во скинијата на сведоштвото, нека се мијат со вода, и нема да умрат, или кога пристапуваат кон жртвеникот, да Му служат и да Му принесуваат на Господа жртва сепаленица;
21тогаш нека ги мијат рацете свои и нозете свои, за да не умрат кога влегуваат во скинијата на сведоштвото. Тоа нека им биде наредба вечна, нему и на потомството негово по него.«
22Му рече Господ уште на Мојсеја, велејќи:
23»Земи мириси најубави: цвет смирна чиста – петстотини сикли, миризлива канела половина од тоа – двесте и педесет, и трстика миризлива – исто така двесте и педесет,
24касија – петстотини сикли, според светата сикла, и елеј маслинов еден ин;
25и од тоа направи елеј миро за свето помазание; мирото за свето помазание да биде направено со умешноста на мироварец; тоа нека биде-миро за свето помазание.
26Со него помажи ја скинијата на сведоштвото и ковчегот на скинијата на сведоштвото
27и сите сосуди нејзини, и светилникот и сите сосуди негови, и жртвеникот за кадење;
28и жртвеникот, на кој се принесува жртва сепаленица, и сите негови сосуди, и трпезата и сите нејзини сосуди, и мијалникот и подножјето негово.
29Така ќе ги осветиш, па ќе станат свјатаја свјатих и си што ќе се допре до нив, ќе се освети.
30Помажи го и Арона и синовите негови, и посвети ги, за да Ми свештенодејствуваат.
31А на синовите Изарилеви кажи им: овој елеј за помазание нека Ми биде свето миро; за свето помазание на поколенијата ваши.
32Телото на обичен човек нека не се помазува со него, и не правете за себе такво миро какво што е ова. Тоа е осветено и нека ви остане светост.
33Ако некој направи такво миро, или помаже друг со него, нека биде истребен од народот свој.«
34И му рече Господ на Мојсеја: »Земи благопријатни мириси: стакта, оникс, халан миризлив, и ливан чист, од сите работи во еднакви делови,
35и од нив направи кадиво, миро варено, со умешноста на мироварец, чисто и свето.
36Па, откако ќе го истолчиш ситно, ставај од него пред откровението во скинијата на сведоштвото, каде што ќе ти се јавувам; тоа нека ви биде голема светост – кадиво.
37А такво кадиво, какво што ќе го направиш, немојте да правите за себе; тоа нека ви биде светост пред Господа.
38А, ако некој го направи тоа, за да кади со него, нека биде истребен од народот свој.«
Currently Selected:
Исход 30: MK1990
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016