Исход 31
31
Повикување на Веселеил и Елијав. Празнување сабота. Плочи на законот.
1И му рече Господ на Мојсеја велејќи:
2»Ете, го определив по име Веселеил, син на Уриј, синот Оров, од племето Јудино;
3и го исполнив преку Духот Божји, Кој му даде умешност, како и знаење да разбира од секакви работи,
4да гради, да изработува со злато, сребро и бакар; и сина и црвена и темноцрвена волна – ткаени изработки и висон ткаен;
5да реже камења, да прави дрвени изработки, за секакви потреби.
6И, ете, го дадов Елијав, синот на Ахисамах, од племето Даново; и на сите способни луѓе им дадов разум да се потврдат да направат си како што ти заповедав:
7Скинијата на сведоштвото, и ковчегот на заветот, и очистилиштето над него, и сите работи во скинијата и жртвеникот и трпезата со нејзините садови;
8и трпезата, и светилникот од чисто злато со сите принадлежности негови, и кадилниот жртвеник;
9жртвеникот за жртви сепаленици со сите потреби негови, и мијалникот и подножјето негово;
10и одеждите на Арона за служење и одеждите на синовите Аронови, со кои ќе ми свештенодејствуваат;
11елејот за помазание, и кадивото благопријатно свет состав за светилиштето – си нека направат така, како што ти заповедав.«
12И пак му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
13»Кажи, заповедај им на синовите Израилеви: пазете ги саботите Мои, зашто тоа е знак меѓу Мене и вас од колено до колено, за да знаете дека Јас сум Господ, Кој ве осветува.
14Пазете ја, пак, саботата, оти таа е света за Господа и за вас. Кој ќе ја оскверни, да се погуби; бидејќи секој, кој ќе врши некаква работа во тој ден, таа душа нека се истреби од народот свој.
15Шест дена нека се работи; а седмиот ден е сабота, одмор, свет на Господа; секој, кој ќе работи во саботен ден, нека се предаде на смрт.
16Затоа синовите Израилеви нека ги пазат саботите, празнувајќи ги во родовите свои.
17Тоа е знак меѓу Мене и синовите Израилеви довека; зашто во шест дена ги создаде Господ небото и земјата, а во седмиот ден се отпочина и се одмори.«
18И кога престана да зборува со Мојсеја на планината Синајска, му даде две плочи на сведоштвото, плочи камени, напошани со прст Божји.
Currently Selected:
Исход 31: MK1990
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016