YouVersion Logo
Search Icon

Захарија 7

7
Прашања за постот
1Во четвртата година на царот Дариј дојде слово Господово до Захарија, на четвртиот ден од деветтиот месец – кислев, 2#Ер 26,19; Мал 1,9; Пс 119,58кога жителите на Ветил ги испратија Шарецер и Регем-Мелех и придруж­ниците нивни за да се помолат пред лицето на Господ 3#Јоил; 2,12-17; Плач 2,18и да ги прашаат свештениците, што се наоѓаа во домот на Господ Саваот, и пророците, па да прашаат: „Да плачеме ли во петтиот месец и да постиме ли, како што го правевме тоа, еве, веќе многу години?“ 4И дојде слово на Господ Саваот до мене: 5#1,12; 2 Цар 25,25; Ис 58,3-12; Амос 5,21„Кажи му на сиот народ од оваа земја и на свештениците вака: ‚Кога постевте и плачевте во петтиот и седмиот месец, и тоа цели седумдесет години, за Мене ли постевте? 6И кога јадевте и пиевте, зар не јадев­те за себе и зар не пиевте за себе?‘ 7Зар истите прописи не ги кажуваше Господ преку поранешните пророци, кога Ерусалим беше населен и спокоен, а и градовите околу него; кога и Негев и Шефела беа населени?“ 8И дојде слово Господово до Заха­рија: 9#Ис 1,17; Ер 22,3; Ос 2,21; 6,6; 10,12; Мих 6,8„Вака зборуваше тогаш Господ Саваот: извршувајте суд праведен и имајте милост и сочувство еден кон друг; 10#2 Мојс 22,20-21; Ер 7,6; Амос 8,4; Мих 2,1; Пс 35,4вдовици и сираци, придојден и сиромав не притеснувајте и не мислете зло во срцата ваши еден против друг. 11#2 Мојс 32,9; Ис 6,10; 48,4; Ер 18,12; Ез 2,4-5Но тие не сакаа да слушаат, и тврдоглаво Ми свртеа грб; и ушите ги затнаа за да не слушаат. 12#Ер 17,1; Ез 11,19; Мт 7,12; 22,40И срцата си ги стврднаа како кремен, за да не го слушаат законот и збо­ровите што ги испраќаше Господ Са­ваот преку Својот Дух до поранешните пророци; па затоа и ги постигна големиот гнев на Господ Саваот. 13#Ис 50,2; Ер 7,13; Изреки 1,28И како што викав Јас, а тие не слу­шаа, викаа и тие, но Јас не ги слушав, вели Господ Саваот. 14#5 Мојс 4,27; Ис 34,10; Ез 17,21Па ги распрснав по сите народи, кои тие не ги познаваа, и оваа земја за­пусте по нив, така што никој не помину­ваше ниту се враќаше во неа. Така, избраната земја тие ја претворија во пустина.“

Currently Selected:

Захарија 7: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

Videos for Захарија 7