YouVersion Logo
Search Icon

Захарија 6

6
Осмо видение: четири коли
1Пак ги подигнав очите свои и гледам: а таму, ете, четири коли со ко­њи излегуваат од еден дол меѓу две планини, а тие планини беа од бакар. 2Кај првата кола коњите беа црве­никави, кај втората – црни; 3#Откр 6,2кај третата кола коњите беа бели, а кај четвртата кола – шарени со сиви дамки. 4Проговорив и му реков на ангелот, што зборуваше со мене: „А што значи ова, господине мој?“ 5#1,8; 4,14Ангелот одговори и ми рече: „Тоа се четирите небесни духови#6,5 или ветрови, кои излегуваат откако се претставија пред Госпо­дарот над целата земја. 6Црните коњи излегуваа кон северната земја, а белите одеа кон западната земја, додека шарените коњи одеа кон јужната земја.“ 7#1,11; Јов 1,7Кога излегоа, коњите се впуштија да ја обиколат земјата; и Тој им рече: „Обиколете ја земјата“, и тие ја оби­колија. 8Тогаш тој ме повика и ми рече: „Ете, оние што отидоа кон северната земја, го успокоија духот Мој против северната страна.“
Избраниот Водач
9 # Ер 1,4.11 И пак дојде слово Господово до мене: 10#Ер 29,25.29; Езд 1,4.9-11„Собери приноси од прогонетите, од Хелдаја, од Товија и од Једаја, и тргни истиот ден, па дојди во домот на Јошија, синот Софониев, каде што тие пристигнаа од Вавилон. 11#Агеј 1,1Земи од нив сребро и злато, па направи круни, и стави ги на главата на Исус, синот Јоседеков, великиот свеш­теник 12#3,8; 2 Сам 7,13; 1 Цар 8,12и речи им: вака вели Господ Саваот: ‚Ете, човек, чие име е Зачетник,‘ Тој ќе израсне од коренот свој и ќе создаде храм Господов. 13#4,14; Авак 3,3; Пс 93,1Тој ќе создаде храм Господов и ќе се прослави, ќе седне на престолот свој и ќе биде владетел. А од Него, на престолот ќе биде и свештеник и ќе има согласност за мир меѓу едниот и другиот. 14А круната нека остане кај Хелдаја и Товија, за Једаја и Јошија, синот Софониев, како спомен во храмот Господов. 15#5 Мојс 28,1; Ис 60,10; Агеј 1,8.14И оддалеку ќе дојдат луѓе, кои ќе учествуваат во градењето на храмот. Ќе разберете дека Господ Саваот ме испрати кај вас, и сето тоа ќе се изврши, ако искрено го послушате гласот на вашиот Господ Бог.“

Currently Selected:

Захарија 6: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in