YouVersion Logo
Search Icon

Песна над песните Вовед

Вовед
Во средишниот дел од библискиот текст се среќава една збирка песни, во која се опева љубовта и каде чувствата на двајца вљубени се изразуваат во вид на поезија. Уште од најдамнешни времиња се настојува оваа библиска книга да се толкува алегориски, односно се тврди дека таа ни ги открива односите меѓу Бог и Неговиот народ. Меѓутоа, точно е исто така дека љубовта меѓу мажот и жената е дар Божји.
Тематски книгата може да се подели на седум поеми (1,2–2,7; 2,8-17; 3,1–5,1; 5,2–6,3; 6,4–7,11; 7,12–8,5а; 8,5б-14), во кои се поместени љубовните дијалози, каде љубовта е дискретно сокриена во симболиката на природата. Овие дијалози помеѓу еден маж и една жена, кои се бараат, се наоѓаат, се губат и одново трагаат еден по друг, изгледаат прекинати од туѓи гласови, кои не се секогаш срдечни. А тоа се овчарите (другарите на младиот човек), мајката или браќата на младата девојка. Под разни имиња овие лица или групи настојуваат да се мешаат во љубовта меѓу двајцата вљубени. Но таа љубов не им припаѓа ним; таа е дар Божји, за оние што се љубат.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in