YouVersion Logo
Search Icon

Песна над песните 1

1
Разговор меѓу вљубените
1Најубавата песна меѓу сите песни, напишана од Соломон.
2 # 4,10; Проп 2,3 Возљубената: Да, сакам да ме целиваш со бакнежи на устата своја! Зашто твоите милувања се подобри од виното. 3Од пријатниот мирис на твоите мас­ла името ти е како разлеано миро; затоа те сакаат момите. 4#Ис 9,2; 25,9; 66,10; Зах 10,7Поведи ме, да побрзаме; царот ме воведува во одаите свои, – ќе се восхитуваме и ќе се радуваме со тебе, ќе ги фалиме твоите милувања повеќе од вино. Навистина, заслужено те сакаат! 5#2,7; 3,5.11; 5,8.16; 8,4Ќерки ерусалимски, црна сум, но сепак сум убава како шаторите бедуински, како завесите на Соломон. 6#8,8Не гледајте ме што сум црномурна, зашто сонцето ме подгорело: мајчините синови ми се налутија, ме поставија да ги чувам лозјата – но своето сопствено лозје не го зачував. 7#3,1-4; 1 Мојс 37,16Кажи ми ти, кого го сака душата моја: каде го пасеш стадото, каде пладнуваш? Зошто да бидам како скитница крај стадата на твоите другари? 8Хорот: Ако не го знаеш тоа, о, најубава меѓу жените, тогаш оди си по овците свои и паси ги јарињата покрај пастирските шатори. 9#Ис 63,13Возљубениот: Ти си ми, драга моја, како кобилка во фараонова двоколка. 10#4,4; 5,13; 7,5Прекрасни се твоите образи меѓу обетките, вратот твој – под ѓерданите; 11Ќе ти направам златни обетки со сребрени пулејки. 12Возљубената: Додека царот беше крај трпезата, парфемот од мојот нард го испушташе својот пријатен мирис. 13#5,8-10Смирнова китка е мојот возљубен, што стои меѓу градите мои. 14#1 Сам 24,1-2Мојот возљубен е за мене како ки­парисов грозд во лозјата на Ен-Геди. 15#2,14; 4,7; 5,9; 6,9; 7,7; 4,1; 5,12Возљубениот: О, убава си, мила моја, убава си! Имаш очи гулабови. 16Возљубената: О, убав си, мил мој, прекрасен си! Зеленилото е постела наша. 17Возљубениот: Покривите на куќите ни се кедри, штиците наши – кипариси.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in