YouVersion Logo
Search Icon

Песна над песните 8

8
1 # Изреки 7,13 О, да ми беше брат мој, да беше хранет од градите на мајка ми! Тогаш, кога ќе те сретнев на улица, ќе сакав да те бакнам, и немаше да ме осудуваат. 2#3,4; 5,1; 4,13Ќе те поведев и доведев во куќата на мајка ми. Ти ќе ме учеше, а јас, пак, ќе те поев со ароматно вино, со сок од моите калинки. 3#2,6Левата рака негова е под главата моја, а со десната ме прегрнува. 4#2,7Возљубениот: Ве заколнувам, ќер­ки ерусалимски, немојте да ја раз­будувате и немојте да ја вознемирувате возљубената, сѐ додека сама не посака! 5#3,6; 2,3Хорот: Која е таа, што доаѓа од пус­тината, потпирајќи се на својот возљубен?
Силата на љубовта
Возљубената: Те разбудив јас под ја­болкницата: таму те родила мајка ти, таму те добила твојата родителка. 6#1 Мојс 38,18; 1 Цар 21,8; Ер 22,24; Агеј 2,23; Ис 28,15; Ос 13,14; Авак 2,5Положи ме како печат на срцето свое, како прстен на раката своја, зашто љубовта е силна како смрт; љубомората – лута како пекол; стрелите нејзини се стрели огнени; огнен жар на нејзиниот пламен. 7#Ис 43,2; 50,2; Пс 18,16; 77,20; 1 Мојс 34,12; Изреки 6,31; 31,10Големата вода не може да ја угасне љубовта, и реки нема да ја потопат. Ако некој го дадеше сето богатство на својот дом за љубов, тој би бил отфрлен со презир. 8Хорот: Имаме сестра, која е уште мала: уште нема гради; што ќе правиме со сестрата наша, ако дојдат по неа сватови? 9Да беше карпа, ќе изградевме врз неа и дворци од сребро; да беше врата, ќе ја обложевме со кедрови штици. 10Возљубената: Јас сум тврдина, а градите мои се кули; затоа во очите негови јас станав како онаа што нашла мир. 11#1,6Хорот: Соломон имаше лозје во Баал-Хамон; тој им го предаде тоа лозје на чувари; секој беше должен да даде за плодовите негови по илјада парчиња сребро. 12Возљубената: А моето лозје си е кај мене. Илјадата нека се за тебе, Соло­моне, а двесте – за чуварите на плодови­те негови. 13Возљубениот: Жителко на градините, другарите го слушаат гласот твој. Дај и јас да го послушам. 14Возљубената: Побрзај мил мој, и биди како срна и како еленче по гори мирисни!

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in