YouVersion Logo
Search Icon

Песна над песните 5

5
1Возљубениот: Дојдов во градината своја, сестричке, невесто, ја обрав смирната моја и мирисите мои, ги јадев медените питки со мојот мед, го пиев виното со моето млеко. Јадете, пријатели, пијте и наситете се, мили мои!
Таа му ја отвора својата врата, но веќе е доцна
2 # 2,8; Откр 3,20 Возљубената: Спијам, но срцето мое е будно; ете го гласот на мојот воз­љубен, кој чука: Отвори ми сестро, ми­ла моја, гулабице моја, совршена моја, зашто главата моја е целата со роса покриена, и косата моја – со ноќна влага. 3Го соблеков хитонот свој, пак ли да го облекувам? Сум ги измила нозете свои, како да ги валкам? 4Мојот возљубен ја протегна раката низ отворот, и срцето мое затрепери од него. 5#Суд 6,36-40; Ос 14,6Станав да му отворам на мојот возљубен; од рацете ми капеше смирна, од прстите мои пријатен мирис на смирна врз дршката од клучалката. 6#3,1Му отворив на мојот возљубен, а мојот возљубен си беше отишол. Душа­та ми премре, додека тој говореше; го барав, но не го најдов; го викав, но не ми се јавуваше. 7Ме сретнаа стражарите, што го оби­колуваа градот, ме натепаа, ме изна­ранија; ми го симнаа превезот оние, што ги чуваа ѕидиштата. 8#2,7; 2,5Ве заколнувам, ќерки ерусалимски! Ако го сретнете мојот возљубен, каже­те му дека изнемоштувам од љубов. 9#1,13Хорот: Со што е твојот возљубен по­добар од другите возљубени, о, најубава меѓу жените? Во што твојот возљубен е подобар од другите, па така нѐ заколнуваш? 10#1 Мојс 25,25; 1 Сам 16,12; 2 Сам 18,3; Проп 7,28Возљубената: Мојот возљубен е бел и румен, поубав од десет илјади други; 11главата негова – чисто злато; кад­рите негови – брановидни, црни како гав­ран; 12#1,15очите негови – како гулаби крај водни потоци, што се капат во млеко, што стојат задоволни; 13#1,10образите негови – ароматен цветник, леи со миризливи билки; усните негови – кринови од кои капе чиста смирна; 14рацете негови – златни валци, опсипани со топази; стомакот негов – како сад од слонова коска, обложен со са­фири; 15#Пс 144,12нозете негови – мермерни столбови, поставени врз златни подлоги; изглед има како Ливан, величествен е како кедар; 16#2,3устата негова е сладост, целиот е прекрасен. Ете, кој е мојот возљубен, и ете, кој е пријателот мој, ќерки еруса­лимски.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in