YouVersion Logo
Search Icon

Песна над песните 4

4
1 # 1,15; 6,5; 1 Мојс 31,21.47; 4 Мојс 32,1 Возљубениот: О, убава си, љубов моја, убава си! Очите твои се гулаби под твојот превез; косата ти е како стадо кози, кога слегуваат од гората Галаад; 2#6,6забите твои – како стадо истри­жени овци, кога излегуваат од капе­ње, од кои секоја има по две јагниња, и без јагне нема ниедна; 3#1 Мојс 38,28; Ис.Н. 2,18усните твои се како алова панделка, а устата твоја е прекрасна; твоите об­рази под превезот твој се како половинки од калинка; 4#1,10; 7,5; Ез 27,10-11вратот ти е – како Давидовата ку­ла, изградена за оружје: на неа висат илјадници штитови – сѐ штитови на јунаци; 5#2,9.17; 7,4; 2,16двете твои гради се како близна­чиња од млада срна, кои пасат меѓу кринови. 6#2,17Во ладовината на вечерта кога ќе одминат сенките, ќе одам на смирно­вата гора и на темјановиот рид. 7#1,15; Ефес; 5,25-27Цела си убава, мила моја, нема ни дамка на тебе! 8#5 Мојс 3,8-9; 1 Лет 5,23; Ер 5,6; Наум 2,12.13Слези со мене, невесто моја, симни се од планините на Ливан и дојди со мене; симни се од врвовите на Амана, Сенир и Ермон. Побегни од тие ла­вовски легала, од леопардовите гори! 9#6,5Ти го освои срцето мое, сестричке, невесто, го плени срцето мое со еден поглед на очите свои и само со една од веришките на вратот свој. 10#1,2О, колку е слатка љубовта твоја, сестричке, невесто! Послатка е љубовта твоја од вино, и пријатниот мирис од твоите масла е попријатен од сите ароми. 11#Изреки 5,3; 2 Мојс 3,8; Ис 55,1; 1 Мојс 27,27; Ос 14,7; Пс 45,8; Изреки 7,17Од устата твоја капе восочен мед, невесто, мед и млеко под јазикот твој, и мирисот на облеката твоја е како мирис леванонски! 12#Изреки 5,16Затворена градина е мојата сестричка, невеста, извор затворен, кла­денец запечатен; 13#Проп 2,5; Неем 2,8; 4,16; 7,14твојот насад е градина од дрвја со вкусни плодови, кипар и нард, 14нард и шафран, трска и цимет со секакви миризливи дрвја, смирна и алој со најубави ароми, 15#1 Мојс 26,19; Јн 7,38ти си градински извор, кладенец од жива вода, поток што тече од Ливан. 16#1,12-13; 4,13; 7,14Возљубената: Подигни се, ветре, од север, повеј и ти, ветре, од југ и повеј над градината моја, за да прострујат аромите нејзини! Нека дојде мојот воз­љубен во градината своја и нека касне од слатките пло­дови нејзини.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy