YouVersion Logo
Search Icon

Песна над песните 3

3
Таа сонува дека оди во потрага по него
1 # 1,7; Ис 65,1; Ер 29,13; Ос 2,9; 5,6; Изреки 1,28; Мт 7,7 Ноќва во леглото мое го барав оној, кого го сака душата моја, го барав и не го најдов. 2Затоа ќе станам, ќе тргнам по гра­дот, по улиците и плоштадите, и ќе го барам оној, кого душата моја го сака. Го барав, но не го најдов. 3Ме сретнаа стражарите, што го оби­колуваат градот: „Дали го видовте – ги прашав – оној, кого душата моја го сака?“ 4#1 Мојс 2,24; 24,67; 6,9; 8,2.5Но, штом ги одминав, го најдов оној, што го сака душата моја, се фатив за него цврсто и не го пуштив, додека не го одведов во куќата на мо­јата мајка и во одајата на родителката своја. 5#2,7; 8,4Возљубениот: Ве заколнувам, ќер­ки ерусалимски, во срните и во полските кошути: немојте да ја вознемирувате возљубената, додека сама не посака. 6#6,10; 8,5; Откр 12,6; 1 Цар 10,15; Ез 17,4; 27,13; Наум 3,16; Неем 13,20Хорот: Која е таа, што се издига од пустината како столб од дим, што ми­риса на смирна и темјан, и на секакви пријатни мириси? 7Еве ја носилката на Соломон: околу неа шеесет души јунаци, од јунаците Израелови. 8#Пс 91,5Сите држат по еден меч и се веш­ти во борба; секој има меч на бедрото свое поради опасностите ноќни. 9Носилка си направил царот Соло­мон од леванонски дрвја; 10#1 Цар 10,18столбовите ги направил од сребро, оградите нејзини се од злато, седиштето – порфир; внатрешноста со љубов ја украсиле ќерките ерусалимски. 11#Ис 61,10; 62,3-5Излезете, ќерки сионски, и погле­дајте го царот Соломон со венецот, со кој го украсила мајка му во денот на свадбата негова, во радосниот ден за срцето негово.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in