YouVersion Logo
Search Icon

Псалми 63

63
ПСАЛМ 63
Копнеж за заедништво со Бога
1 # 1 Сам 22–24 Боже, Ти си мојот Бог, Тебе Те ба­рам; за Тебе зажедне душата моја. За Тебе копнее телото мое како земја пуста, неплодна и безводна! 2#36,7-9; 42,1-2; 143,6И така со поглед Те барав во свети­лиштето Твое, за да ја видам Твојата сила и Твојата слава. 3Зашто милоста Твоја е подобра од животот, устата моја ќе Те фали. 4Така ќе Те благословувам во животот мој, и во Твое име ќе ги кревам рацете мои. 5#145,2; 119,48Како со маст и масло се наситува душата моја, и со радосен глас ќе те фали устата моја. 6#36,8Кога ќе се сетам за Тебе во постелата моја, во ноќните часови за Тебе размислувам, 7зашто Ти си ми помошник и под сенката на Твоите крилја Ти пеам. 8#17,8Кон Тебе се прилепува душата моја, Твојата десница ме поддржува. 9#5 Мојс 13,5А оние кои сакаат да ме лишат од мојот живот, ќе слезат во длабочина­та на земјата. 10Ќе бидат предадени на силата на мечот; ќе станат плен на чакалите. 11А царот ќе се зарадува во Бога, и секој ќе се фали, кој во Него се колне, бидејќи ќе замолкне устата на лажлив­ците.

Currently Selected:

Псалми 63: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in