YouVersion Logo
Search Icon

Псалми 64

64
ПСАЛМ 64
Молитва за Божјата помош против тајни непријатели и клеветници
1Чуј го, Боже, гласот мој, кога Ти се молам; зачувај ми го животот мој од непријателот што ме застрашува. 2Сокриј ме од тајните завери на грешниците, од плановите на злочин­ците. 3Тие ги наострија јазиците свои како меч, тие исфрлаат ранливи збо­рови, како стрели, 4#11,2; 55,21; 57,4; 59,7; 140,3; Ер 9,2за да стрелаат скришно на непо­рочниот; тие стрелаат ненадејно врз него, без страв. 5Тие цврсто се договорија за зло; се договорија како да ја прикријат зам­ката, па си рекоа: кој ќе нѐ види? 6#10,11; 94,7; Ис 29,15; Изреки 1,11-12; 6,13Сонуваат за злодела, скришни заго­вори кројат. Зашто, човековото срце и ум се длабока бездна. 7#Ер 11,20; Проп 7,24Но Бог ќе ги застрела, ќе ги рани ненадејно. 8#7,12-13; 38,2; 5 Мојс 32,42Сопствениот јазик пропаст ќе им донесе; сите оние што ќе ги видат ќе се стаписаат. 9#22,7; 44,14И секој човек ќе се уплаши. Ќе се раскажува за делата Божји и ќе размислуваат за она што Тој го изврши. 10#40,3; 52,6А праведниот ќе се развесели во Господ и ќе прибегне кај Него; и ќе се веселат сите кои се праведни по срце.

Currently Selected:

Псалми 64: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in