YouVersion Logo
Search Icon

Изреки 24

24
Мудрецот и безбожникот
1 # 23,17; 24,19 Не завидувај им на лошите луѓе, и не посакувај да бидеш со нив, 2зашто срцето нивно насилство на­мислува, и устите нивни за лошо зборуваат. 3#8,21; 14,1Со мудрост куќа се изградува и со разум се зацврстува, 4а со умешност нејзините простории се исполнуваат со секакви скапоцености и добра. 5#11,14; 20,18; 21,22Мудриот човек е силен, а разумниот – ја зацврстува силата своја. 6Затоа со обмислување се води војна, а успех ќе има со многу советувања. 7#14,6; 17,16Мудроста е недостижна за глупавиот, затоа тој не отвора уста на собирите. 8#10,23; 12,2Кој мисли да направи зло, ќе го на­речат зломисленик. 9Безумието има само една мисла: гре­вот, а исмејувачот е одвратен за луѓето. 10#28,1Ако во злочест ден си се покажал слаб, скудна ти е силата. 11#28,17Спасувај ги оние што ги водат на смрт, и поштеди ги оние, кои упла­шени одат кон губилиштето. 12#Мт 16,27; Рим 2,6; Откр 2,23Ако кажеш: „Ете, ние не го знаевме тоа“, а Оној, Кој ги испитува срцата, зар не знае? Оној, Кој бдее над душата твоја, го знае тоа и ќе му даде на чове­кот според делата негови. 13#16,24Јади, синко, мед, затоа што е пријатен, и јади восочен мед, кој е сладок за грлото твое: 14такво е за душата твоја и познавањето на мудроста. Ако си ја нашол, имаш иднина, а твојата надеж нема да те остави. 15#3,29Не помислувај зло, безбожниче, против живеалиштето на праведниот, не опустошувај го местото на спокој­ството негово, 16зашто седумпати ќе падне праведникот – и пак ќе стане; а падне ли не­чесен, тој изнемогнува во злото. 17#17,5Немој да се радуваш, кога непријателот твој ќе падне, и срцето твое да не се весели, кога тој ќе се сопне. 18Инаку, Господ ќе види, и тоа пред очите Негови нема да биде угодно, и Тој ќе го оттргне од него гневот Свој. 19#23,17; 24,1Не лути им се на зломислениците и не завидувај им на безбожниците, 20зашто лошиот нема иднина; и све­тилото на безбожните ќе згасне. 21#10,29; 20,26#1 Птр 2,17Имај страв, синко, од Господ и од царот; не востанувај ни против едниот ни против другиот, 22зашто неочекувано ќе дојде казната од нив, – а кој е тој што ќе ја предосети пропаста од нив двајцата?
Други совети на мудрите
23 # 17,15; 18,5; 28,21 Кажано е од мудрите: не е добро во судот да има пристрасност. 24Кој му вели на виновниот: „Прав си“, него народите ќе го проколнуваат, него племињата ќе го мразат; 25а кои разобличуваат, ќе бидат сакани, и врз нив ќе дојде благо­словот. 26#15,23; 25,11; 27,23-27Во устата бакнува оној, кој изговара зборови чесни. 27Уреди ги работите надвор од куќа­та, сврши ги на нивата своја, а потоа гради го домот свој. 28#20,22; 25,18Не сведочи лажно против ближ­ниот свој: зошто да лажеш со устата своја? 29Не вели: „Како ми направи тој мене, така и јас ќе му направам нему: ќе му се одмаздам за навредата што ми ја нанесе.“
За мрзливиот човек
30 # 6,6-11; 20,13 Минував покрај нивата на мрзлив човек и покрај лозје на неразумен човек: 31и ете, сѐ беше обраснато со трње, нивата беше покриена со коприва, а ка­мената ограда негова беше урната. 32И погледнав, го устремив срцето свое, погледнав и поука извлеков: 33„Малку ќе поспиеш, малку ќе задремеш, малку со скрстени раце ќе полежиш“ – 34и сиромаштијата ќе ти дојде како брзоодец, и немаштијата твоја – како вооружен човек.

Currently Selected:

Изреки 24: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in