YouVersion Logo
Search Icon

Изреки 23

23
За вкусни јадења; мудри совети кон синот свој
1 # 23,20-21 Кога ќе седнеш да јадеш со властодржец, гледај добро што има пред тебе, 2и постави ограда на грлото свое, ако си лаком. 3Не се мами од вкусните гозби не­гови: тие се примамлива храна. 4#13,8; 28,11Ако си сиромав, не настојувај да трупаш богатство; бегај од таквите мисли. 5Ќе ги устремиш очите кон него, и еве веќе го нема: тоа ќе си направи крилја и како орел ќе летне кон небото. 6#26,24-25Не јади леб кај завидлив човек и не се занесувај од вкусните негови гозби; 7зашто какви му се мислите во душа­та негова, таков е и тој: „Јади и пиј“, ти вели, но срцето негово не е со тебе. 8Залакот, што си го изел, ќе го из­блуеш, и убавите зборови свои напразно ќе ги потрошиш. 9#9,7Во ушите на безумниот не зборувај, зашто тој ќе ги презре разумните твои зборови. 10#22,22-23.28Не преместувај стара меѓа и во нива на сираци не влегувај; 11зашто нивниот Заштитник е силен; Тој ќе се замеша во делото нивно против тебе. 12#22,17Насочи го срцето свое кон учење и ушите свои – кон умни зборови. 13#13,24; 19,18; 22,15Не оставај го детето без казна: ако го казниш со прачка, тоа нема да умре; 14ќе го казниш со прачка, и ќе ја спасиш душата негова од пеколот.
Совети на еден татко кон својот син
15 # 27,11; 29,3 Синко, ако твоето срце биде муд­ро, и моето срце ќе се радува; 16ќе се радува целото мое битие, кога твојата уста говори право. 17#24,1.19Срцето твое нека не им завидува на грешниците, туку биди во сите дни свои во стравот Господов; 18зашто има иднина, а твојата надеж не е загубена. 19#20,1; 21,17; 23,29-35; 28,7Слушај, синко, и биди мудар и насо­чувај го срцето свое по прав пат. 20Не биди меѓу оние, што се опиваат со вино, меѓу оние, што се презаситуваат со месо, – 21зашто пијаницата, и оној што се прејадува, ќе осиромашат, а сонливоста ќе ги облече во партали. 22#4,7; 10,1; 15,20; 18,15; 29,3; 30,17Слушај го својот татко: тој те ро­дил; не ја занемарувај мајка си, кога таа ќе остарее. 23Купувај вистина и не продавај муд­рост, учење и разум. 24Таткото на праведниот се весели, и оној што родил мудар, се радува поради него. 25Нека ти се радуваат татко ти и мај­ка ти, нека се радува онаа која те родила. 26#2,16; 5,20; 6,26; 7,12; 22,14Синко, дај ми го мене срцето твое и очите твои да ги гледаат патиштата мои, – 27зашто блудницата е длабока про­паст, а туѓа жена – тесен бунар; 28таа како разбојник ги пречекува и ги умножува беззакониците меѓу лу­ѓето.
За пијаницата
29 # 20,1 На некого – ах, на некого – ох, на некого – кавга, на некого жал, на некого рани без причина, на некого зацрвенети очи? 30На оние, што заседнуваат околу вино, кои одат да бараат вино со ароми. 31Не гледај го виното како се црвенее, како тоа искри во чашата, како убаво се лее; 32отпосле тоа ќе касне како змија и ќе жилне како отровница; 33очите твои ќе гледаат привиденија, и срцето твое ќе почне да говори не­разумно; 34и ти ќе бидеш како заспан среде море и како задреман на врвот од јарбол, 35па ќе речеш: „Ме тепаа и не ме болеше; ме туркаа и не чувствував. Ко­га ќе се разбудам, пак ќе го барам истото.“

Currently Selected:

Изреки 23: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in