YouVersion Logo
Search Icon

Изреки 22

22
1 # 10,7 Подобро е добро име, отколку големо богатство, и подобро е бла­гонаклоност, отколку сребро и злато. 2#13,8; 29,13Богатиот и сиромавиот се сре­ќаваат еден со друг; и едниот и другиот ги создал Господ. 3#14,16; 27,12Умниот го гледа злото и го избегнува; а безумните одат невнимателно и тоа скапо го плаќаат. 4#3,16; 21,20Плодови на смиреноста се: стравот Господов, богатството, славата и животот. 5#5,22; 11,6По патот на подмолниот – трње и стапици: кој ја пази душата своја, ќе бега од нив. 6#19,18; 29,17Поучи го момчето во почетокот на патот негов: тој нема да скршне од него и кога ќе остари. 7#18,23Богатиот господари над сиромавиот, и должникот станува роб на заемодавецот. 8#24,16; Гал 6,7Кој сее неправда, ќе пожнее зло, и прачката на гневот негов ќе исчезне. 9#14,21; 19,17Милосрдниот ќе биде благословен, зашто им дава на бедните од лебот свој. 10#18,6; 26,20Истерај го исмејувачот, и раздорот ќе исчезне, ќе престанат кавгата и на­в­редите. 11#14,35; 16,13Оној што љуби чисто срце, и чии зборови се пријатни, и на царот станува пријател. 12#5,21; 15,3Очите на Господ го чуваат знае­њето, а зборовите на престапникот Тој ги разобличува. 13#26,13Мрзливиот вели: „Лав има надвор! Насред улица ќе загинам!“ 14#5,3-5; 23,27Устите на блудниците се длабока бездна: на кого Господ ќе се разгневи, тој ќе падне во неа. 15#13,24; 23,13Безумието на детето му е при­врзано за срцето, но прачката ќе го отстрани далеку од него. 16#28,8.22Кој ограбува сиромав, за да го ум­ножи богатството свое, и кој му дава на богатиот, – ќе осиромаши.
Разни опомени
17 # 1,1-7 Наклони го увото и слушај ги збо­ровите на мудрите, и сврти го срцето кон моите зборови, 18зашто ќе се радуваш, ако ги пазиш во срцето свое, и ако ти бидат исто така во устата твоја. 19За да биде твојата надеж во Гос­под, јас ти го покажувам патот. 20Јас ти напишав триесетина совети и поуки, 21за да те поучам на зборовите вистински и добри, та да ги предаваш на оние што те испраќаат. 22#14,31; 21,13; 23,11Не ограбувај сиромав, зашто тој е сиромав, и не притеснувај страдалник кај портите, – 23зашто Господ ќе се застапи за нив, и ќе ја истргне душата на грабачите нивни. 24#18,7; 29,22Не се дружи со гневлив и не оди со човек жесток, 25за да не се навикнеш на нивните патишта и да не навлечеш стапица на душата своја. 26#6,1; 17,18; 20,16Не биди од оние, што даваат рака и се заложуваат за туѓи долгови: 27ако нема со што да платиш, зошто да ти ја земат постелата под тебе? 28#23,10Не преместувај стари меѓи, кои твоите татковци ги поставиле. 29#12,24Си видел ли вешт и искусен човек во својата работа? Тој ќе служи на цареви, нема да остане меѓу простите.

Currently Selected:

Изреки 22: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in