YouVersion Logo
Search Icon

Изреки 19

19
1 # 28,6 Подобро сиромав, кој оди во својата непорочност, отколку богат со лажлива уста, притоа и глупав. 2#21,5; 28,20; 29,20Не ѝ е добро на душата без знае­ње; а кој брза со нозете, се сопнува. 3#11,3Глупавоста на човекот му го искри­вува патот негов, а срцето негово негодува против Господ. 4#14,20; 19,7Богатството собира многу пријате­ли, а сиромавиот го напушта и пријате­лот негов. 5#6,19; 19,9; 21,28Лажниот сведок нема да остане не­казнет, и кој говори лага, нема да се спаси. 6#18,16; 21,14; 29,26Мнозина им се умилкуваат на го­лемците, и секој му е пријател на чове­кот, кој дава подароци. 7#28,19Сиромавиот го мразат сите негови браќа, а уште повеќе се оддалечуваат од него пријателите: трчка по нив, за да проговори – но нив ги нема. 8#16,20Кој се здобива со разум, ја сака ду­шата своја; кој ја пази мудроста, наоѓа среќа. 9#19,5Лажниот сведок нема да остане не­казнет, а кој говори лага, ќе загине. 10#26,1; 30,22На глупавиот не му прилега рас­кош, уште помалку на слуга – да господари над кнезови. 11#14,29; 16,32Благоразумноста го прави чове­кот бавен на гнев, и за него е чест да биде попустлив кон грешките. 12#16,14; 20,2Гневот на царот е како лавовско рикање, а милоста негова – како роса по трева. 13#17,25; 21,9; 27,15Глупав син е пропаст за татко си, и жена кавгаџика е како незапирлива капка од стреа. 14#18,22Куќата и имотот се наследуваат од родителите, а разумна жена е дар од Господ. 15#6,9; 10,4; 20,4; 23,21Мрзливоста тера во сон, а немарна душа трпи глад. 16#13,13; 15,10; 16,17Кој пази заповед, ја запазува ду­шата своја, а кој не се грижи за своите патишта, ќе загине. 17#14,31; 28,27; Мт 25,40Кој прави добро на сиромав, заем Му дава на Господ, и Тој ќе му плати за неговата добрина. 18#13,24; 23,13; 29,15.17Казни го синот свој, додека има надеж, и не се возбудувај од викањето негово. 19#15,1.18Гневниот нека трпи казна, зашто ако го пожалиш, ќе треба да го казниш уште повеќе. 20#8,33; 12,15Слушај совет и примај поука, за да станеш потоа мудар. 21#16,9Во срцето на човекот има многу мисли, но се извршува само определената од Господ. 22#3,3-4Радост за човекот е неговата милостина; подобро да бидеш сиромав отколку лажливец. 23#14,27Стравот Господов води кон жи­вот, и кој го има, секогаш ќе биде задоволен, и зло нема да го снајде. 24#26,15Мрзливиот ја пружа раката кон храната, но не сака да ја подигне до устата своја. 25#21,11Ако го казниш оној што се пот­смева, и простиот ќе стане разумен; и ако му укажеш на разумниот, тој ќе ја разбере поуката. 26#10,5; 28,24Кој го упропастува татко си и ја на­бркува мајка си, тој е бесрамен и не­чесен син. 27#10,17Немој, синко, да слушаш совети што те отстрануваат од зборовите на разумни. 28#4,17Лукавиот сведок се потсмева со судот, и устата на беззакониците голта неправда. 29#10,13; 26,3Готови се судовите за горделивите, и ударите за телото на безумните.

Currently Selected:

Изреки 19: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in