YouVersion Logo
Search Icon

Изреки 18

18
1 # 16,28; 17,9 Тврдоглавиот се управува според своите желби и станува против сѐ што е умно. 2#12,23; 13,16Безумниот не сака знаење, туку само да ги изложи своите мисли. 3#12,8Со доаѓањето на нечесниот, доаѓа и презирот, а со недостојниот – доаѓа и срамот. 4#20,5; Јн 7,38Зборовите на човечката уста се дла­боки води; извор на мудроста – брзо­течен поток. 5#24,23; 28,21; 3 Мојс 19,15Не е добро да бидеш лицемерен кон безбожниот, за да го собориш праведниот во судот. 6#19,29Устата на безумниот води кон кавга, а зборовите негови предизвикуваат те­пачка. 7#10,14; 12,13; 13,3Јазикот на безумниот е погибел за него, а усните негови се стапица за ду­шата негова. 8#26,22Зборовите на клеветникот се како слатки, и тие влегуваат внатре во утробата. 9#10,4; 28,24Немарниот во работата своја е брат на расипникот. 10#14,26Името на Господ е цврста кула: ако во неа побегне праведник, безбеден е. 11#10,15Имотот на богат човек е како тврдина и во мислите му е како висока ограда. 12#11,2; 16,18Пред паѓање срцето на човекот се возгордејува, а смиреноста оди пред славата. 13#20,25Кој дава одговор пред да ислуша, безумен е; тоа е срам за него. 14#15,13; 17,22Духот на човекот го поткрепува во немоќ, а скршен дух – кој може да поткрепи? 15#15,14Срцето на разумниот се здобива со знаење, и увото на мудрите бара поука. 16#17,8; 21,14Подарокот што го дава човекот, му отвора пат и до големците го доведува. 17#25,8Првиот по тужбата си е прав, но доаѓа противникот негов и го порекнува. 18#16,33Ждрепката прекинува расправии и решава спор меѓу силните. 19#25,15Навреден брат е понепристапен од утврден град, а караниците поне­попуст­ливи од затварало на кула. 20#12,14; 13,2Од плодот на устата на човекот се полни стомакот негов; од плодовите на устата своја тој се наситува. 21#12,13; 13,3Смртта и животот му се потчи­нети на јазикот, и оние што го владеат, ќе вкусат од плодовите негови. 22#12,4; 19,14Кој нашол жена, нашол среќа и добил благодат од Господ. 23#22,7Сиромавиот говори со молба, а бо­гатиот одговара остро. 24#17,17Кој сака да има пријатели, и сам треба да биде дружељубив; зашто има пријатели поприврзани од брат.

Currently Selected:

Изреки 18: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in