Изреки 15
15
1 #
15,18; 25,15 Кроткиот одговор гневот го ублажува, а навредлив збор јарост предизвикува. 2#15,7.14.21.28На мудрите јазикот добри знаења искажува, а на безумните устата глупости блуе. 3#5,21; 24,18Очите Господови се на секое место: тие ги гледаат и лошите и добрите. 4#12,18; 18,21Кроток јазик е дрво на животот, а злиот – рана на душата. 5#13,1; 15,5.10.12.32Безумниот се подбива со татковата поука; а кој слуша прекор, разумен е. 6#4,16; 28,1Во куќата на праведникот – големо богатство, а печалбата на нечестивиот – пропаѓа. 7#10,31; 13,16Устите на мудрите знаење сеат, но срцето на безумните не постапува така. 8#21,27; Јн 9,31Жртвата на безбожните е одвратност пред Господ, а молитвата на праведните Му е пријатна. 9#11,20; 12,22Патот на нечестивиот е одвратност пред Господ, а кој ја бара правдата, Тој го сака него. 10#12,1Остра казна го чека оној што го остава правиот пат, а кој го мрази изобличувањето – ќе загине. 11#16,2Пеколот и пропаста се откриени пред Господ, а како ли нема да бидат – срцата на синовите човечки? 12#9,12Развратникот не ги сака оние, што го прекоруваат, тој не разговара со мудрите. 13#12,25; 17,22; 18,14Весело срце го прави лицето весело, а при тажно срце – и лицето е натажено. 14#18,15На разумен срцето бара знаење, а устите на безумните со глупост се хранат. 15#18,14На несреќниот сите дни му се тажни; а животот на среќниот е постојано празнување. 16#16,8Подобро малку, но со страв Господов, отколку големо богатство, и со него немир. 17#17,1Подобро јадење од зеленчук, и со него љубов, отколку угоени телиња, и со нив омраза. 18#14,29Избувлив човек расправии крева, а трпеливиот караници смирува. 19#22,5Патот на мрзливиот е послан со трње, а патот на праведниот е чист. 20#10,1; 30,17Мудриот син го радува татко си, а безумниот нема почит кон мајка си. 21#10,23; 14,8На неразумниот безумни му се патеките, а разумен човек оди по правиот пат. 22#11,14; 20,18Без советување намерите се осуетуваат, а при многу советници тие успеваат. 23#25,11Пријатно е да се знае добро да се одговори. Колку добар е зборот изговорен во вистинскиот момент! 24#4,18-19Мудриот размислува за патот на животот, за да се отстрани од патот што води во пеколот и да се спаси. 25#23,10-11Господ ќе го сотре домот на горделивите, а меѓата на вдовицата ќе ја зајакне. 26#6,16-18Помислите на лошите се одвратни пред Господ, а зборовите на непорочните Му се угодни. 27#1,19; 28,16Лакомиот ќе го растури својот дом, а оној, кој мрази поткуп, ќе живее. 28#29,20Срцето на праведниот мисли што зборува, а устата на нечесните исфрла зло. 29#1,28Господ е далеку од безбожните, но ја слуша молитвата на праведните. 30#25,25Светол поглед срце радува, добра вест коски храни. 31#25,12Кој го слуша учењето на животот, меѓу мудри ќе живее. 32#8,35-36Кој ја отфрла поуката, ја мрази душата своја; а кој слуша изобличување, тој придобива разум. 33#9,10; 18,12Стравот Господов учи на мудрост, а пред славата оди смиреноста.
Currently Selected:
Изреки 15: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006