YouVersion Logo
Search Icon

Изреки 14

14
1 # 9,1; 24,3 Мудрата жена си ја гради куќата, а глупавата ја урива со своите раце. 2#14,31Кој оди по прав пат, се плаши од Господ; на кого патиштата му се криви, тој Го презира (Господа). 3#12,6Во устата на безбожникот е кам­шикот на гордоста; а мудрите ги чува нивната уста. 4#12,10Каде што нема волови, амбарите се празни; а од силата на воловите има изобилно жито. 5#12,17; 19,5Верен сведок не лаже, а лажливиот сведок шири многу лаги. 6#17,24Развратникот бара мудрост, и не ја наоѓа; а разумниот до знаењето лесно доаѓа. 7#23,9Бегај од безумен човек, кај него нема да најдеш разумна уста. 8#15,21Мудар човек внимава на своето однесување, неразумноста на глупавите ги води во заблуда. 9#3,34; 11,20За глупавите гревот е шега, а со праведните е милоста Божја. 10#15,13Секој сам ги доживува своите таги и своите радости и никој друг не може со него да ги сподели. 11#12,7; 15,25Куќата на беззакониците ќе се сотре, а живеалиштето на праведните ќе преуспее. 12#12,15; 16,25Има патишта, кои на човек му изгледаат прави, но крајот нивни води во смрт. 13#Проп 7,2-4И при смеа понекогаш срцето боли, а по радоста настапува тага. 14#10,24Човек со развратно срце ќе ги добие плодовите на своето однесување, а добриот – ќе живее во задоволство. 15#1,32-33Неразумниот верува на секој збор, а благоразумниот е внимателен на своите чекори. 16#22,3; 27,12Мудриот има страв и бега од злото, а неразумниот не се чува, бидејќи се чувствува безбеден. 17#14,29; 15,18; 19,11; 29,22Избувливиот човек прави глупости, а пакосниот е омразен. 18#3,35Безумните глупост добиваат за на­града, а благоразумните се украсуваат со знаење. 19#11,21; 12,21Лошите ќе се поклонат пред добрите, а безбожните – пред вратите на праведникот. 20#19,4.7Сиромавиот го мразат дури и неговите блиски, а богатиот има многу пријатели. 21#11,12; 14,31; Мт 5,7Греши оној што го презира својот ближен, а блажен е оној што е милосрден кон сиромасите. 22#20,28; 21,16Нели се заблудуваат оние, што кројат зло? Но милост и верност има кај оние што мислат добро. 23#12,11; 28,19Од секој труд има добивка, а празните зборови водат кон скудност. 24#8,18; 24,3Венец на мудрите е богатството нивно, а животот на безумните е глупост. 25#24,28; 25,18Верен сведок души спасува, а лажливиот лаги измислува. 26#19,23Во стравот пред Господ има голема надеж, и на чедата Свои Тој им е прибежиште. 27#13,14Стравот Господов е извор на животот, извор што оддалечува од мрежите на смртта. 28#17,6Во многуброен народ е величието на царот, а кога нема народ – пропаст е за господарот. 29#16,32; 19,11; 29,20; Јк 1,19Кај трпеливиот човек разум има многу, а лутиот полн е со глупости. 30#15,13Кроткото срце е живот за телото, а зависта е гнилеж за коските. 31#14,21; 17,5Кој притеснува сиромав, го навредува неговиот Создател, а кој Го почитува Создателот, му прави добро на оној што е во нужда. 32#24,16; 28,1За своето зло безбожниот ќе про­падне, а праведниот и при смртта ќе има надеж. 33#18,2; 24,7Мудроста почива во срцето на разумниот, а во срцето на безумниот ја нема. 34#11,11Правдата народ подига, а беззаконието срамоти народи. 35#16,13; 22,11На царот мил му е разумниот слуга, а се разгневува против оној, кој го посрамува.

Currently Selected:

Изреки 14: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy