Авдиј Вовед
Вовед
За Авдиј, освен фактот дека бил пророк, друго речиси и не се знае. Неговото име значи „Богослужител“ и било вообичаено име во древниот Израел.
Книгата на пророкот Авдиј е толку мала, што не е поделена на глави, односно содржи само една глава. Во неа Авдиј пишува за Едомците (потомци на Исав), кои живееле јужно од Мртвото Море. Едомците се однесувале многу сурово кон Божјиот народ, Израел. Затоа Господ им навестува дека ќе ги казни, а нивната земја ќе ја даде на Израелците. Оваа книга е веројатно напишана набргу по падот на Ерусалим под Вавилонците, во 587 година пр. Христос. Тогаш Едомците не само што му се радувале на падот на Ерусалим, туку му помагале на непријателот, а и самите ги пљачкосувале градовите. Авдиј им објавува дека тие ќе бидат казнети заедно со сите други народи кои му биле непријатели на Израел.
Currently Selected:
Авдиј Вовед: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006