Амос 9
9
Разрушување на храмот
1 #
2,13-16; 6,9-10; Ер 25,35 Го видов Господа како стои на жртвеникот и вели: удри во горниот праг на вратата за да се растресат спојките и расцепи ги врз главите на сите нив, а другите од нив ќе ги убијам Јас со меч: никој од нив, кој бега, нема да избега, и никој од нив, кој сака да се спаси, нема да се спаси. 2#Ер 23,23-24; Пс 139,7-12; Мт 11,23И да се закопаат во Подземјето#9,2 Во оригиналот стои „Шеол“., и оттаму раката Моја ќе ги извлече; и да се качат на небото, и оттаму ќе ги симнам. 3#Пс 135,6; Јов 3,8; 7,12Макар да се скријат и на врвот Кармил, и таму ќе ги најдам и ќе ги фатам; па и да се сокријат и од очите Мои во морското дно, и таму ќе му заповедам на змејот морски да ги голтне. 4#Авд 1,4; Ер 21,10И во плен, ако појдат пред непријателите свои, ќе му заповедам на мечот таму да ги убие. Ќе ги свртам врз нив очите Свои за нивно зло, а не за добро.
Јахве е името Негово
5 #
8,8
Зашто Господ Бог Саваот ќе се допре до земјата, и таа ќе се растопи, и ќе се расплачат сите живи на неа; ќе се крене таа цела како реката Нил и ќе се спушти како реката египетска. 6#4,13; 5,8; Пс 104,3Тој ги изгради своите горни дворци на небесата и сводот Свој го зацврсти на земјата; ги повика морските води и ги изли по лицето на земјата; Јахве е името Негово.
Господ е Бог
7 #
Ис.Н. 13,2; Ер 47,4 Вие, синови Израелови, не сте ли за мене како синови етиопски, вели Господ, нели Јас го изведов Израел од земјата египетска и Филистејците – од Кафтор и Арамејците од Кир? 8#3,12; Ис 4,3; Ер 30,11Ете, очите на Господ Бог се врз грешното царство, и Јас ќе го истребам од лицето на земјата, но домот на Јаков нема целосно да го истребам, вели Господ. 9#Ис 30,28; Лк 22,31Зашто, еве, Јас ќе заповедам и ќе го распрснам домот Израелов по сите народи, како што се растураат зрната во решето, и ниедно не паѓа на земја. 10#6,1-6; Ис 28,15; Ер 5,12; Мих 3,11; Соф 1,12Од меч ќе умрат сите грешници меѓу народот Мој, кои велат: „Нема да нѐ постигне и нема да дојде кај нас тоа зло!“
Божјо ветување за Израел
11 #
Ис 9,1-6; Дела; 15,16-17 Во оној ден ќе ја подигнам паднатата скинија Давидова, ќе ги пополнам пукнатините нејзини, срушеното ќе го подигнам и ќе ја обновам, како во поранешните дни. 12#1 Мојс 22,17; 4 Мојс 24,18; Авд 1,19За да го завладее остатокот од Едом и сите народи, меѓу кои ќе се спомнува името Мое, вели Господ, Кој го врши сето тоа. 13#5,11; 3 Мојс 26,5; Јоил 4,18Ете, ќе настапат дни, вели Господ, кога орачот ќе го затече жетварот и оној што гази грозје – сејачот; и горите ќе пуштаат гроздов сок, и од сите ридови ќе потече. 14#5,11; Ис 65,21-22; Ер 31,5; Ос 14,8Ќе ги вратам заробените на Мојот народ Израел; и пак ќе ги изградам запустените градови и ќе се населат во нив; ќе насадат лозја и ќе пијат вино од нив, и ќе направат градини и ќе јадат плодови од нив. 15#Ис 60,21; Ер 24,6; 31,28И ќе ги населам во земјата нивна и тие нема повеќе да бидат истргани од својата земја, која им ја дадов Јас, вели Господ, твојот Бог.
Currently Selected:
Амос 9: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006